Конечно. Се заинтересирав уште кога беше најавен, ги следев случувањата околу него, шпекулациите, новостите... Долго се шпекулираше дали е Годзила филм, дали е "Lost" спин-оф или нешто друго. Во секој случај, јасно беше дека се работи за филм со чудовиште.
Да разјаснам нешто на време. Сакам филмови со џиновски чудовишта, mecha роботи и слично. И, кога велам Годзила, мислам на Gojira, оргиналниот јапонски филмски серијал, а не на глупиот холивудски римејк.
Продуцент на филмот е J.J. Abrams, познат по "Lost", "Alias", Mission Impossible III и новиот Стар Трек филм.
Е, сега. Во Cloverfield имаме џиновско чудовиште кое прави бељи низ улиците на Њујорк, и сето тоа е "раскажано" од аматерските снимки на група млади луѓе. Како Blair Witch Project, само со квази-Годзила.
Не ми е чудно што успеа филмов, нормално ако рејтингот на IMDB се смета за некаков успех. Океј, и заработи доволно пари на првиот ден на прикажување. Тоа се смета, нели? Ќе имало и втор дел.
Иако не очекувам многу од филмов, освен евтин (скап!) рип-оф на Годзила, снимен/режиран на малку поразличен начин од останатото холивудско ѓубре, ќе го гледам кога ќе има подобра снимка за симнување. Ги читам реакциите на американците кои веќе го гледале и го опишуваат како нешто невидено. Очигледно повеќето од нив не гледале јапонски филм со чудовиште и ова им делува ново.
Исто така, верувам дека филмов е катастрофа, голема колку катастрофата што ја предизвикува чудовиштето во Њујорк. Успехот се должи на маркетингот и името на продуцентот. За потсетување, кога се појави трејлерот немаше ни име, туку созададе мистерија која ја разгоре публиката.
Ќе го гледам, иако како што кажав не очекувам многу. Се надевам дека ќе биде барем просечен. Ако ништо друго, има убав постер. :)
3 comments:
ќе го гледам и јас... ама се додека не го изгледаб Борновиот Ултиматум друг филм не чепкам, а тоа ќе биде поручек така да ќе се задоволам и со кино снимка од филмов......
Леле колкав филмофил си бил! ;)
Не само конкретно "Кипот на слободата" туку цел Њу Јорк е веќе демоде. :)
Post a Comment