January 31, 2008

Изгубените ќе бидат најдени

Не ми се верува дека дојде време за новата сезона на Lost. И покрај лошото финале на третата сезона, едвај чекам првата епизода од четврта сезона сабајле да се појави по торент сајтовите.

Се надевам дека извлекоа поука од тупењето во третата сезона, и дека ќе видиме нешто интересно. Форматот е сменет, ќе биде нешто како 24 серијата, значи дејствието ќе се случува во 'реално време'.

Очекувам конечно да видам некаков расплет и објаснување на мистериите што се накотија изминативе сезони.

* * *

01.02.2008 UPDATE: После осум месеци чекање, добивме досадна, просечна епизода. Нема ништо ново, повторно тапкаат во место и не мрдаат. Имаше неколку интересни моменти, но ништо посебно. Ќе ја чекам втората епизода следната недела.

Ептен ми се скрши филм. Со оглед на тоа колку го рекламираа новиов почеток, очекував бар малку повеќе...

5 comments:

Losteech said...

Сеуште се чудам зошто само на тебе не ти се допаднало финалете! :(

Losteech said...

финалето* де

Losteech said...

Просечна? Па не баш...просечна епизода е на пример Greatest Hits (последната во која Чарли беше во главна улога). Оваа беше многу подобра од таа.

Башка повторно видовме нешто од иднината! Мене не ми се допаднаа првите 10-12 минути. Се друго ми се допадна.

Anonymous said...

Шо знам, мене сите сезони и сите епизоди ми се допаѓаат. Ја изгледав и првата епизода од 4-ката, ок ми беше. Тоа е стилот на Лост, кога се би било во реално време, тоа не би биле Лостис :)

Не се жали, најбољи се ;)

Anonymous said...

Мене првата епшизода ми беше малку хорор, со привиденијата што му се се дешаваа н Хуго. Втората тек беше просек. Ај да видиме што ќе биде со третата. :)