December 22, 2009

Филмови во 2009

Ги изгледав повеќето филмови кои ми го привлекоа вниманието уште пред да излезат, меѓутоа не успеав да пишам за сите. Не дека сега немам време, туку ме спука некоја мрза, неможам да се логирам, а камоли да седнам и да искуцам нешто.

Годинава се изнагледав добри филмови. Некои и не толку добри, ама успеаа некако да пројдат, барем да запамтам дека сум ги гледал.

Moon е најпријатното изненадување годинава. Дело на младиот режисер Данкан Џонс, кој допрва треба да почне со кариерата. Moon е независен филм, научно-фантастична драма, жанр кој изминативе години апсолутно ме купи со добрите филмови што имав прилика да ги погледнам. Приказната е генијална, раскажува иднина во која Месечината се користи како извор на ресурси кои помагаат во опстојувањето на Земјата. За собирањето, обработката и препраќањето на супстанцата хелиум-3 се грижи приватна компанија. Сем Бел е единствениот астронаут, придружуван од роботот со неверојатна вештачка интелегенција, GERTY, кој се грижи работата при собирањето на хелиум-3 да биде успешно завршена. Е, сега, за да не е се совршено, Сем Бел доаѓа до сознание кое комплетно ја поместува целата слика за компанијата. Тоа е всушност клучниот елемент на приказната, што нема да го спомнам поради спојлери. Moon е одлично напишан и изведен со минимална употреба на специјални ефекти, но затоа има одлични сетови и Кевин Спејси кој го позајмува гласот на GERTY. GERTY e омаж на HAL9000, па дури и целата станица на Месечината изгледа како да е излезена од 2001: A Space Odyssey. Инстант класика.

F.A.Q. About Time Travel е британски филм со типон од The IT Crowd... СФ комедија, апсолутно мајсторски изведена. Замисли си муабетиш за патување низ времето, пијан, у бар, и одеднаш баш тоа почнува да случува... Супер приказна, интелегентно напишано сценарио кое всушност го движи целиот филм, харизматични ликови и сето тоа одлично реализирано. Искрено, очекував многу повеќе тупење со наука, испадна некои ствари ги чепка ептен површно, што и не го прави филмот помалку забавен. Јас скроз се внесов, мислам дека пет саата да траеше, немаше да ми здосади. Еден од оние филмови што најмалку сакаш да завршат. Ме изненади Ана Фарис, не ја познав...

The Hangover ми е во конкуренција за 3 најдобри филмови годинава. Ваква комедија му се нема десено на Холивуд со години, а јас не памтам кој филм последен пат сум го гледал три пати во една недела. Четворица другари одат во Лас Вегас на ергенска забава, за следниот ден да се разбудат со тешка главоболка и без никакво сеќавање за претходната ноќ, во растурена соба, со празни флаши пиво насекде, тигар во купатилото, итн... The Hangover има сцени што неможев ни да ги замислам или предвидам додека го гледав, сцени кога сопирав да се досмеам или да враќам за да се изнасмеам пак. Еден од најдобрите филмови годинива и општо, една од најдобрите комедии што некогаш излегле. Ќе има и втор дел догодина, иако не прави смисла, прави пари. Тоа е, знаеме како функционираат работите...

Fanboys е комедија генерално наменета за Star Wars фанови и како таква функционира, не совршено, ама таман. Значи, ако не си фан на Star Wars, не ти е смешно и готово. Барај друг филм, зошто повеќето фори се наменети за одредена публика. Fanboys е базиран на краток филм, со скоро иста приказна - четворица другари, пред премиерата на Star Wars: The Phantom Menace тргнуваат кон ранчот на Лукас да украдат копија за другар, болен од рак, кој тешко дека ќе дочека да го види филмот во кино. Нормално, безброј референци (тоа е поентата, да) до Star Wars, неколку познати фаци, Вилијам Шетнер... Конечно го дочекавме филмов, се одложуваше дооолго време, очекувањата кај мене си ги исполни, не ни треба да е нешто поразлично од тоа што е.

Harry Brown е последниот филм од оваа година што го гледав. После толку рецензии, фалења, се надевав дека ќе видам нешто повеќе од просечно. Тоа што го знаев за филмот доволно ме заинтересира да го ѕирнам. Мајкл Кејн глуми пензиониран маринец, што ја одмаздува смртта на најдобриот пријател и шах противник. Очекував повеќе од просечна драма, сигурно не очекував Мајкл Кејн да иде сите да ги испотепа со базука, ама мислев дека ќе видам нешто приближно кул како Gran Torino. Има еден куп исфорсирани и тотално беспотребни сцени, мислам сфативме дека Кејн живее во опасно маало кај што младичи пушат курови у мерцедес. Пресвртот на крај воопшто не ме изненади, зошто во ниеден момент претходно не ми беше битно кој и што во бандата. Не е лош филмот, океј е, само што е за едно гледање... и за на Телма. Во Harry Brown игра и Plan B, шизикот што соработува со Chase & Status...

Ќе се апдејтува ова, зошто има и уште неколку други, ама тоа деновиве... Од останатите за кои пишував изминатава година, ќе ги издвојам District 9, Inglourious Basterds, Coraline, 2012, Terminator Salvation, Wolverine, Bruno, Bolt, римејкот на Friday the 13th и Punisher: War Zone што упорно го заборавам. Значи, пак ќе кажам, супер филмови годинава, барем пола од овие што се спомнати тука ќе остават некаква трага, а некои веќе си обезбедија статус на култни филмови. Ќе видиме Avatar каков е деновиве... И Up ми дреме, треба конечно да седнам.

3 comments:

Losteech said...

The Hangover е најлудата комедија која сум ја гледал во последниве 5-6 години. :)

Дефинитивно е на врвот од годинашниве филмови! ;)

Moon велиш добар е? Баш се мислев дали да го симнам од Замунда пред некој ден. :)

District 9 e супер исто така, 2012 е meh... Inglorious Bastards е ОДЛИЧЕН! Bruno ништо посебно, а Болт нели беше од пред неколку години бе? :)

Останува уште неделава да го изгледам(е) Аватар па да си ја комплетираме филмската година. =))

Бојан Николов said...

И ја Avatar никако да го глеам. :) Иначе, у право си за Bolt, 2008 е, којзнае шо сум истрипал. :)

Random nobody said...

Апсолутно се слагам за Moon. Чист WIN.