May 15, 2013

RIFT бесплатна од јуни

Претпоставував дека Trion ќе ја укинат претплатата за RIFT во текот на оваа година, меѓутоа не очекував дека толку рано. Значи, од 12-ти јуни, играта ќе биде бесплатна со 2.3 апдејтот, нормално со одредени ограничувања и микротрансакции. Од табелата достапна на официјалниот сајт, органичувањата не изгледаат толку страшно, доколку останат само овие.


Штета. Откако експанзијата не ги исполни очекувањата и си замина Скот Хартсман од тимот, играта продолжи да оди по надолна линија. Сè уште има играчи, барем последниот пат кога проверив, но потенцијалот за жал, тресна во ѕид. Премногу имам вложено во RIFT (дури и годишна претплата која сеуште ми е активна), и верував дека ќе остави белег на жанрот, па затоа ми е криво што работите се доведени до оваа ситуација. 

Дури сега, со конкуренцијата на F2P пазарот, играта ќе се изгуби во безбројните слични наслови. Бизнис моделот со кој ќе продолжи да функционира е ефективен, но содржината од експанзијата нема како да ги задржи играчите. Доколку беше истиот менаџерски/продуцентски тим кој ја донесе до Storm Legion можеби и имаше некаква надеж. Вака, со новиве фаци кои и баш не знаат што прават, не ми изгледа дека играта има светла иднина. Спасот веројатно лежи во некоја мини-експанзија колку да се понуди нешто ново, а моментално ништо такво не е најавено.

Значи, сите заинтересирани за RIFT (доколку воопшто има такви), ќе може бесплатно да ја играат за некоја недела.

6 comments:

Anonymous said...

What will be available at the RIFT Store?
Mounts, gear, boosts, companion pets, expansion Souls, services, and more.

Pay to Win...страшен модел...

Бојан Николов said...

Има и полошо, SW: TOR. :) Јас додуша ќе имам све достапно. :)

nikola said...

ne postoi mmorpg igra koja ne e pay to win, ako sum greska ispravete me!!

Бојан Николов said...

League of Legends? :)

nikola said...

lol e action-rts (moba) kako i da sepak mislam deka dota 2 e po opozit na pay to win zatoa sto nemas ogranicuvanje vo izborot na heroi. vo action-rpg na primer path of exile isto taka moze da se rece ne e pay to win
ostanue uste vo mmorpg da se pojavi takva igrica :D

Бојан Николов said...

Океј, да, баш у најкласичен MMORPG и нема такво. :) Не знам на TERA каков им е shop-от? Знам имаа само vanity ајтеми, не сум видел дали шиткаат опрема. Еј, да, TERA треба да се провери. Хајпот почна у исто време коа Рифт стануваше актуелна, али "пропадна" многу порано, знам дека En Masse нешо се имаа избуљашено.