Што е со South Park, стварно? Која година сме? Како е сезонава толку добра? Уште од крајот на претходната, пршти креативност како во најдобрите денови. Престанав редовно да следам некаде околу... дванаеста сезона можеби, па обично гледав маратонски кога ќе завршеше цела сезона. Иако секогаш држеа некакво задоволително ниво, на моменти целата серија се осеќаше заморно. Во секоја сезона имаше инстант класика епизоди, Ренди го превземаше фокусот како што заслужува, меѓутоа некако Family Guy и останатите на МекФарлејн успеваа многу подолго да останат под кожа неделата. Сега кoга и тие го изгубија сјајот, речиси и ништо од анимираниве серии не следам редовно.
Сосема е јасно дека свежината и креативноста се губат со годините,
особено кога нешто трае околу или повеќе од една деценија. За среќа,
некои, како The Simpsons успеаа да ги надминат тие "застои", а гледам дека и со South Park се случува истото. Осумнаеста сезона. Старееме со South Park, нели? Осум епизоди до сега, и секоја успева да ја надмине претходната. Се распукаа по трендот со стартапи, генеричка поп музика, електрични возила, ебола, глутен, дронови, "бесплатни" игри... Се позаебаваа дури и со Oculus Rift и Magic: The Gathering. Овој интензивен критички настап со кој Мет Стон и Треј Паркер ја туркаат сезонава го немам видено со години. Баш ова е тоа што ме навлече на South Park при првото гледање, и ова е South Park што мене ми е најпријатен за гледање. Да, The Coon беше смешен, ама само првиот пат. Се надевам дека оваа "ренесанса" ќе ги држи до крај на сезонава, зошто ќе биде крајно глупо пак да паднат од врвот на омилените анимирани серии.
1 comment:
Потполно се сложувам со тебе. Како голем фан на СП, мислам дека ако продолжи да расте квалитетот на содржината (и Ренди да го има се почесто како што веќе е во сезонава) со секоја нова епизода, сезонава убедливо ќе биде најдобра од сите до сега.
Post a Comment