Новиот албум на Продиџи е секаде низ интернетов. Супер еј, кај ми е монтката? Океј, тука ќе следуваше уште некоја глупа фора и промрчување за релевантноста на Продиџи во 2015, што сега ќе мора сам да си ја смислиш зошто веќе решив дека ќе ја прерипам. The Day Is My Enemy не само што го помина првото слушање кај мене, туку си отсвире повеќе пати. Да, тотално звучи како Invaders Must Die нуспроизвод првиот пат, вториот веќе приметуваш дека сепак има нешто примамливо, а на петтиот веќе потпевнуваш. Но, дали тоа значи дека е добар?
Како и секое дете што одело во школо кога излегол The Fat of the Land, почнав да слушам музика баш со тој албум. Ги купувавме сите касети, ги знаевме по омотот која компилација е која, па и албумите што не беа баш нивни. Имав дури и едно блузонче Продиџи што го фрлив пред некоја година, а што и тогаш беше неколку конфекциски броеви плус. Цела дискографија ја имам и на дискови до денес, освен можеби една компилација што понекогаш уште чекам да ми ја вратат. Не се курчам со мојата љубов кон Продиџи за џабе. И, покрај тоа, не би ги поддржал слепо за секое гомно што ќе го извадат. Не само поради фактот што се Продиџи и ми се некако битни. Затоа и бев малку скептичен за новиот албум.
Продиџи не се тие од претходно. Не се веќе со години. Не се бенд што ќе прави радио хитови, туку се свесни за нивната моќ на големи фестивали каде што си три дена запотен, ненаспан и дехидриран. The Day Is My Enemy носи таква агресивна адреналинска музика наменета за разбеснета толпа, што покрај тоа што ќе урла "фаестата" на цел глас, ќе однесе неколку посетители на фестивалот директно во болница. Три пати сум имал прилика да го посведочам тој енергичен монструм кој што е на сцена, два од тие можеше да биде последното нешто што моите очи го виделе. Албумот е баш тоа. Да овозможи такво искуство на милиони издрогирани млади да осетат туѓа запотена мишка во фаца додека рипаат во пола метро кал. Мислам, не викам дека е лошо ова.
Звукот е како излезен од генераторот за песни на Лијам Хаулет. Искрено, нема ни како поинаку да звучат. Ако не е вакво, какво да биде? Трaп? Дабстеп? Тој звук на Продиџи не треба да следи трендови. Не дека нема некои модерни влијанија, меѓутоа тоа е тоа. Жанр кој можеби не го еволуираа, меѓутоа дефинитивно го втемелија во историјата на електронската музика. Ако ништо друго, албумот им гарантира настапи во следните неколку години со малку понов материјал. Не дека ти нема да отидеш и без тоа. Веќе немаат потреба да ти објаснат кои се, нема потреба да го повторат The Fat of the Land. Не се уште тука за да докажуваат, туку да ти покажат дека уште имаат снага да се качуваат по рефлектори и покрај тоа што се 25 години постари. Ти веќе знаеш дека можат.
И, сега дали е The Day Is My Enemy добар албум? Па, не е лош. Не толку колку што мислев и можеше да биде. Доволно е catchy за да ти влезе во уво, без разлика колку и да го буткаш од тебе со изговор дека не ти треба нов албум од Продиџи во 2015. Види си сам дали ти треба.
И, сега дали е The Day Is My Enemy добар албум? Па, не е лош. Не толку колку што мислев и можеше да биде. Доволно е catchy за да ти влезе во уво, без разлика колку и да го буткаш од тебе со изговор дека не ти треба нов албум од Продиџи во 2015. Види си сам дали ти треба.
No comments:
Post a Comment