March 4, 2015

Крај на првата сезона на Star Wars Rebels

Она кога зборев дека Rebels има голем потенцијал за созревање? Епа на крајот, во последните три епизоди, конечно успеа да порасне мадиња. Најдоброто изгледа го чуваа за финалето. Таркин, Империјата претставена како најсериозен непријател до сега, и шлагот, гајле ми е за спојлери зошто само тројца гледаме - Вејдер. Вејдер баш и не е некое изненадување, зошто некои сајтови ја најавуваа последната епизода баш со него во преден план. Вистинскиот пресврт, она што ме срипа од кревет, беше враќањето на Асока Тано. Доколку некаде беше спомната претходно, сум го пропуштил тоа. The Clone Wars ја остави нејзината приказната отворена, без никаква завршница и уште тогаш идејата дека ја чуваат за Rebels ми звучеше некако логично. Ете, се случи баш така.


Rebels успеа да ги помести сопствените граници. Ликовите постепено созреваа и се развиваа низ сите 13 (или 14, ако ги рачунаш првите две како една) епизоди, приказните стануваа покохерентни со целиот Star Wars универзум, па крајот е баш оној логичен прогрес кој можеби и не беше толку видлив на почетокот. Никој од ликовите, а особено Езра, не е ист од првата епизода, и никој веќе не е анонимус за кој не се грижиш. Имаше толку добри епизоди, што беше невозможно да не ти прираснат при срце. Како што привршуваше првата сезона, толку помалку ми недостигаа The Clone Wars. Дури и со Асока во следната (или следните) сезона, мислам дека споредбите веќе стануваа излишни. Идентитетот што недостасуваше на Rebels, конечно се оформи во последните три епизоди.

Самото финале мене ми беше крајно драматично. Кејнан и Езра ги вкрстија сејберите со Инквизиторот, повикувајќи се на онаа сцена од Episode I, што за момент помислив дека ќе се толку храбри за да убијат некој од нив двајца. Знаев дека некој лик нема да ја преживее сезоната, но сепак, одлуката падна на, не знам, оној што го планираа да биде главен негативец? Очигледно Инквизиторот не профункционира според планот. Иако има шанси некако да се врати во иднина, мислам дека со "познати фаци" од Империјата заканата за екипажот на Ghost е многу позаебана. На крајот, тоа и треба да е серијата, нели? Група бунтовници кои се борат против злобната Империја? Патот за следните сезони е веќе цврсто поставен. Останува само да видиме колку храбро Дејв Филони и другарчињата се спремни да го изодат.

3 comments:

Aleksandar Ruseski said...

Да да, Асока беше моментот. Али едно нешто ме нервира од почетокот на серијава: оглупувањето на Стормтруперс. Во Clone Wars ни ги ги доближија како луѓе со чувства, интелект, вредности, а овде не само што ги вратија на оригиналните од фимовите(глупи дронови), туку дури и ги исмеваат секоја епизода, посебно оваа. Како жити се Сабин скока ко Спајдермен и одбегнува метци како Нео? Да беше џедај ќе го проголтав, ама вака не оди.

Бојан Николов said...

За Труперите, да. Во The Clone Wars нели сакаа да кажат, демек не сите од клоновите се дронови, дека секој може да се различен карактер, бла бла. Тука, повеќето се регрути, некои и на сила собрани, со недоволна обука и интелект. :) Претпоставувам дека може вака да се оправда? Така уствари им ја правдаат и прецизноста некад во муабети за оргиналната трилогија. :))

Што се однесува до скокањето.. сите некако 'цртанфилмски' скокаат, рипаат и трчаат и тука и во Клон Ворс. Шо знам, не ми смета тоа толку. :)

Aleksandar Ruseski said...

За тоа дека во Холивудските уинверзуми скокање 6 метри е стандард подвиг на просечен американец - да, точно :)