October 11, 2011

Новите DC: Batman The Dark Knight #1, Superman #1 и The Flash #1

Малку сум кнап со време изминативе две недели, па затоа и ја закаснив турава на последните кецови на DC рибутот. Веќе почнаа да излегуваат и вторите броеви, но тие во некој следен пост. Да видиме што мене ми го привлече вниманието од новиве стрипови.

Batman: The Dark Knight #1. Наслов потпишан од Дејвид Финч чиј прв том заврши со пет броеви од кои нешто имам и на хартија, благодарение на Дамјан. Тие пет броја никако да ми дојдат на ред за читање, а можеби и требаше пред да почнам со ова. Како и останатите Бетмен изданија од рибутов, и ова е со висок квалитет на илустрации и сценарио.

До сега од се што излезе со Бетмен како главен лик, директно влезе со мојата листа на најдобрите нови DC наслови. Знаат како да го возат нивниот најдобар лик, има сценаристи кои одлично го доловуваат ликот и цртачи кои феноменално го пресликуваат тмурниот амбиент на Готам и неговите жители. Приказната е повторно се врти околу Аркам, за на крај да најави негативец кој ни е добро познат, но во далеку погрозоморна варијанта. Наслов кој дефинитивно треба да се провери. За следниот број, планирам да ги прочитам и оние пет пред рибутот, во случај нешто да е поврзано.

Superman #1. Искрено, Супермен во ова издание не ме воодушеви толку многу. Имаа одличен Супермен во Action Comics #1, а овој тука не е ништо посебен. Освен тоа што Дејли Планет има нова зграда, останатото е некако исто како претходно. Супермен се бори со некаков натприроден оган со веројатно вонземско потекло, кој иако успева да нанесе огромна штета низ Метрополис, не ја ни потпалува тазе испегланата наметка на Човекот од Челик. Не ми е целта да измрчам за костимот на Супермен, туку само да посочам дека не видов никаков прогрес во Superman #1.

Ако нешто стварно почнува од прв број, тоа е ова. Можеби на некој ќе му се допадне, мене ете воопшто не успеа да ме импресионира. Има интересен арт, ама и еден куп непотребни дијалози кои не видов како допринесоа за развој на приказната. Ќе го ѕирнам и вториот број, да видам што ќе понуди, мада има еден куп други Супермен наслови што не сум ги читал, така што повеќе би ги листал тие отколку ова.

The Flash #1 е веројатно првиот Флеш стрип што го читам. Ликот го знам од ТВ, сум го среќавал и во други DC изданија, ама никогаш вака посебно. Затоа и се нафатив да го читам, и тоа од прв број нели. Флеш е интересен лик, каде и да се појави (дури и во тие неколку JLA епизоди што сум ги гледал). Бев ептен загреан за читање и кецов ме радуваше многу повеќе од останатите кецови во турава.

Не очекував којзнае колку, меѓутоа ова што го прочитав некако ме остави рамнодушен. Просечни цртежи, приказна која не ми значеше ништо и лик кој некако е различен од она што го знам претходно. Дури ни крајот не успеа да ми загарантира читање на вториот број. До сега се што читав и пишав на блог за рибутов, беше стварно добро. Знаев дека нема да е со сите наслови така, па ете, The Flash ќе го ставам во оние послабите. Дури и насловната му е грозна.

Првата тура втори броеви, како што кажав, е веќе тука. Нешто прочитав, нешто оставив за да се присобере во повеќе броеви. Swamp Thing #2 е исто излезен и време е да пишам нешто повеќе и за тоа.

Види такоѓе:

3 comments:

NaumN said...

Двојките од B&R и DC се милион нивоа подобри од првите броеви! Одма читање!

Бојан Николов said...

Detective Comics двојката го читав - лудница! Вечерва Batman & Robin. :)

Anonymous said...

Никогаш не сум ги читал DC толку но новите Detective Comics, иако сум читал батмен и еден од омилените мој стрип херој но стрипови како All Star Western со почетоците на Готам е одличено изненадување, Batgirl Nightwing итн :)