Стигна нова тура од рибутот на DC Comics! Третата недела донесе уште нови изданија, меѓу кои и првиот број на новиот Batman & Robin. Интересно издание, како што очекував, со сигурност ќе го читам и понатаму.
Бетмен има нов Робин, неговиот син Демиен. Бетмен за последен пат се решава да ја обележи смртта на неговите родители, на местото каде што биле убиени. Уличката каде што Вејнови се убиени, наскоро треба да биде реконструирана, и Брус решава да го однесе неговиот син за да им оддадат почит. По ова, Брус се решава наместо нивната смрт, да го слави денот на нивната венчавка. А, за малиот, Вејнови се само правливи слики кои висат на ѕидовите, како што и самиот кажува, притоа заборавјќи дека токму нивната смрт е причината поради која неговиот татко е Бетмен, а неговото постоење и улога се поттикнати од истата таа причина.
Покрај тоа што малиот Робин не знае да цени одредени вредности, носи и некои одлуки кои би можеле да го загрозат неговиот живот, а и на Бетмен. Врската меѓу нив двајца ми е најинтересна од целиот наслов и ме интересира до каде ќе стигнат вака. Демиен е избувлив и премлад за да биде Робин, иако има некои физички квалитети со кои би можел да ја носи наметката. Во овој број, се појавува и нов негативец, Nobody, за кој повеќе ќе дознаеме понатаму. За жал, не успеав да дочитам Batman R.I.P. па целата оваа ситуација со синот на Бетмен не ми е сосема јасна. До вториот број на Batman & Robin имам време да го пролистам и тоа.
Во турата од оваа недела, само овој наслов ми беше доволно интересен за да го читам. Е, следната недела веќе има повеќе кои ги чекам со нетрпение, Batman #1, Nightwing #1 и Catwoman #1.
2 comments:
Брао бе, се зачита DC ти :D Иначе добро пишано, Batman & Robin беше одличен серијал под Морисон док беше, така да очекувам и од ова. Демиан убаво ги зачинуе работите, не сме навикнати таков Робин да гледаме. Одличен почеток!
Се зачитав, али изглеа ќе си се држам до овие Бет насловиве. :) Најинтересни ми се, другото од DC ми е онака. :)
Е, да. Swamp Thing кецот беше супер, ќе следам и тоа. :)
Post a Comment