July 18, 2008

Why so serious?

Незнам дали должи на преголемиот hype (најверојатно да) или филмот навистина вреди колку што кажуваат сите рецензии кои успеав да ги прочитам, The Dark Knight на првиот ден на прикажување, се искачи на четвртото место на IMDB.

Од тоа што досега го видов од филмот, не се сомневам во неговиот квалитет, изгледа скоро совршено, дури очекувам да биде подобар и од на Бартон Бетмените. Се надевам дека ќе ги исполни очекувањата и нема да ме разочара.

Да бевме нормален град со повеќе од едно кино каде што ист филм се прикажува цела година, можеби и ќе го гледав The Dark Knight на време. Ќе се потрудам да си почекам асална снимка, а не кино ко Iron Man.

3 comments:

XXX-->Ivan<--XXX said...

Сомнително е ова. Очекувавме добар филм, ама до волку...штознам...

Nathan Summers said...

претераа... хајпот стигна до степен: ако не ти се свиѓа филмов, и не го чекаш ко луд да излезе тогаш нешто не е во ред со тебе...

Neno said...

Јас уште го чекам и "Iron Man". :) Ќе го чекам и овој. Ако издржам. :) Само "Indiana Jones and the Kingdom of the Crystal Skull" од последниве го купив на крапи снимка. Но за џабе, се премислив па и од него ќе чекам двд рип :D
Да, знам, секад каснам со филмовиве но не можам на срање снимка, освен ако не го даваат на кино, но тоа кај нас е ретка дешаванка.