July 9, 2008

Спремни за Clone Wars?

На 15-ти август годинава пристигнува најновото Star Wars остварување, анимираниот филм Clone Wars. Да, дејствието е сместено меѓу Attack of the Clones и Revenge of the Sith. Незнам зошто не ја оставија војнава да заврши со "Clone Wars" серијата што одеше на Cartoon Network пред некоја година, затоа што и филмов е всушност почеток на нова серија. Верувам дека можат ова да го влечат се додека им носи пари, ама јас лично би сакал да видам нешто после Return of the Jedi, кога веќе не ги оставија филмовите на раат...

Доброто за мене е тоа што доаѓа во период кога сум жеден за Star Wars. Нема да зборам сега ништо пред време, научив да не претерувам со очекувањата, едноставно нека си дојде, па ќе си кажам што-како.

На овој линк може да се погледе и трејлерот. Изгледа ветувачки.

3 comments:

XXX-->Ivan<--XXX said...

Изгледа се што почнува на Star те пали. (Star Wars,Star Trek...) :P
Иначе цртанов го гледав порано на CN, океј беше..чисто од љубопитност ќе го ѕирнам филмов. Не верувам дека ќе биде нешто спектакуларно.

Nathan Summers said...

Clone Wars ти е несицрпна тематика. Како WWII. Иначе има да биде екстра и филмот и серијата. Едвај чекам.

Neno said...

Еј закон. :)
Кога сме кај Star Wars си го нарачав цел серијал од 6 оригинални DVD-a и сега атакувам кон све останато. :) Цртани, игри, документарци, шорт мувис... :)

Гледаш Били и Менди? Леле јас у тој фазон сум сега :Dз