Ако нешто некогаш успеало да ми го предизвика она чувство што ми се јавува кога гледам Star Trek, тогаш тоа е Stargate: Atlantis и ништо друго. Намерно или не, серијата е поблиску до Star Trek отколку до Stargate. 90% од ситуациите кои се случуваат во серијата, комотно може да поминат како Star Trek епизода. Можеби и поради тоа толку бргу ја засакав серијава. Лесна е за гледање, го прави баш тоа што треба да го прави, да забавува, за разлика од напорната Battlestar Galactica, што мене лично ме исцрпува веќе.
Ја изгледав и втората сезона, и без размислување можам да кажам дека е една од најдобрите серии кои некогаш сум ги гледал. Одлични ликови, кои за разлика од другите во слични серии, се однесуваат природно во одредени ситуации. Кастингот е совршен, тука нема Весли Крашер, Хери Ким, Кира и слично, туку има закон ликови како Родни МекКеј и Ронoн Декс. А, покрај тоа, гостуваат актери кои ни се добро познати баш од Star Trek.
Првото нешто што ме привлече да ја загледам серијата е тоа што буквално отиде “каде што ниедна серија не отишла порано” (ха!) - Атлантида. Иако дава поинакво гледиште на самиот мит, функционира феноменално. Кога сме кај негативците, Stargate: Atlantis ги има најопасните фаци во целата Pegasus галаксија, the Wraith кои сеат страв на речиси секоја планета каде што стапнале. Незнам понатаму во кој правец се движи серијата, ама се надевам дека имаат и некој друг ваков гаден непријател. Не дека ми сметаат овие, ама ќе стане досадно ако продолжат да бидат извор на сите проблеми во галаксијата.
Поврзаноста со Stargate SG-1 е присутна, баш како што и треба да биде, единствено ми е криво што ги немам гледано последните сезони на SG-1, па некои работи понекогаш ми делуваат збунувачки. Додека ги набавам третата и четвртата сезона на Atlantis, продолжувам да гледам SG-1 од втора сезона.

2 comments:
Појма немам што збориш, не сум гледал. :)
Оф топик: Знаеш дека на 3 ноември искача WoW: Wrath of the Lich King? :O
Поврзаноста друже на оваа со Star Trek серијата е поради тоа што најголем дел од сценаристите од Star Trek после Voyager се префрлија на Stargate, ,а послем неkои отидоа у BSC. Плус на тоа експанзијата за WoW сигурно нема да излезе пред јануари така да не шири шпекулации :)
Post a Comment