July 19, 2008

Those were the voyages...

По неколку месеци следење на развојот на новиот Star Trek филм, почнувам да мислам дека ова е една од најлошите идеи во историјата на филмот. Единствено нешто што би можело да му парира на ова, е римејк на Star Wars или Raiders of the Lost Ark. Знам дека веста за снимање на нов Star Trek филм возбуди многу фанови (ете, и мене) ширум светот, но ајде да бидеме реални. Колку навистина сакаат да видат други актери на местата на Кирк, Спок и останатиот екипаж? Star Trek не е James Bond, па дури и некој навистина да се потруди - нема да може ни да му се доближи на Вилијам Шетнер.

Се плашам дека и Star Trek го однесе виорот на римјеци и лоши продолженија, кој изминативе години е некаков тренд или нешто. Како веќе да нема оргинални идеи, се е веќе преџвакување на нешто што веќе е познато.

Star Trek секогаш сум го гледал како нешто што оди и треба да оди напред. Веќе видовме како функционирале работите пред капетанот Кирк, во Enterprise. Серијата колку и да беше океј, сепак имаше граници кои не смееше да ги помине, па затоа на пример, имаше раси кои мистериозно беа исчезнати во другите серијали. И ете, повторно, оди назад, и со актери кои ги носат имињата, униформите и дел од историјата на оние кои го калеа СФ жанрот.

Дали некој ги виде постерите? Освен тоа што Закари Квинто ги има ушите, дали нешто друго потсеќа на Star Trek што сите го сакаме?

Веројатно, најдобрата идеја ќе беше да се остави Star Trek во мирување бар уште некоја година. Да се пронајде навистина добра причина (освен парите) за повторно враќање, па макар било и Enterprise мини-серија или direct-to-video филм. Ете, нека е и со нов екипаж. Ги видовме веќе авантурите на Кирк, и барем јас сакам да ги памтам така како што се. Нема врска ако Леонард Нимој се враќа како Спок. Нека се врати и Шетнер како Кирк - џабе. Се додека Сајмон Пег е Скоти, ништо не правиме. Сајмон Пег е одличен актер, но е далеку од добар избор за Скоти.

Нешто што повеќе ме плаши од новиот Star Trek филм, е серијата која би можела да настане од евентуалниот успех на филмот. А, што се однесува до мене, јас ќе се потрудам да го скокнам ова...

2 comments:

Љубиша Сулимановиќ said...

не сум ST Fan ама знам колку значи за некои луѓе. Жално е ова. Let sleeping dog lie.

Rogi said...

До некаде и се сложувам со ова, а јас сепак би почекал прво да го видам филмот, во конечна верзија на големото платно па после да давам какви било критики или пофалби,

Поздрав