July 1, 2008

Толку ли е добар WALL-E?

Речиси не го ни приметував, зошто ми делуваше просечно. Единствено нешто што ми падна во очи беше преголемата сличност со роботчето Johnny 5 од Short Circuit.

WALL-E излезе пред една недела и моментално владее со светот, руши рекорди и успеа да се искачи на 6-тото место на топ листата на најдобри филмови на IMDB. Незнам зошто, не ми делува hype-ирано и преценето, барем не пред да излезе. Никаде не видов превидувања за успехот на WALL-E, некако тивко дојде и ете што направи.

Од тоа што успеав да го видам од трејлери, анимацијата е одлична, веројатно најдоброто нешто што излегло од студиото на Pixar, па ќе си го почекам на асална снимка. Сигурно немаше ни да го гледам, да не беше критиката ваква. Ме интересира што го прави WALL-E толку подобар од другите Pixar филмови. Ќе го гледам, па ќе пишам рецензија.

На крај, морам да го поставам прашањето: Дали WALL-E е E.T. на новата генерација?

4 comments:

Ивана said...

Можебе таква и ќе биде реакцијата. А што е најинтересно од се, е дека во киносалите имало многу мал процент на деца, што значи не очекувам типичен детски филм :)

XXX-->Ivan<--XXX said...

Ќе го гледам па ќе ти кажам. :)

Neno said...

Их! Не знаев за ова. :)

metraxas said...

Abe ne e filmot specijalen (od pixar imalo i podobri filmovi.) tuku istorijata na pixar. Posle 8 uspesni i nagraduvani filmovi sigurno deka devetiot ke rusi rekordi. Veke se dokaza deka od Pixar nemoze da iskoci nesto loso.