May 14, 2011

Cowboys & Aliens (стрип)

Да не беше филмот што наскоро треба да има премиера, стрипов никогаш немаше да заврши кај мене. Релативно непознат наслов, од барем за мене, анонимни автори и мала издавачка куќа (издаден за Platinum Studios во 2006), седнав да го читам баш поради тоа што трејлерот за филмот ми изгледаше прилично интересно.

Cowboys & Aliens е научно-фантастичен вестерн, сместен во 1873 година. Двајца каубојци се платени да заштитат караван во Аризона кој заминува во мал рударски град да копа сребро. Групата е нападната од индијанци кои, нели, се обидуваат да си ја заштитат сопствената територија. Во меѓувреме, на истото место слетува вселенски брод полн со непријателски расположени вонземјани кои се дојдени на Земјата барајќи ново тло за колонизирање. Паралелата е јасна и уште на почетокот е поткрепена со цитати од Декларацијата за независност и фини цртежи. Баш поради тоа што стрипот отвара толку моќно, се надевав дека ќе читам добра приказна. За жал, на крајот не испадна баш така и ми стана јасно зошто овој наслов е толку 'забатален'.

Морам да признаам, идејата е стварно добра и јасно е зошто ги откупиле правата. Може комотно да пројде како забавен филм. Стрипот е некако прекраток и се се случува набрзина. Доколку ова било издадено како серијал, што ништо чудно да се деси ако успее филмот, верувам дека ќе имало многу повеќе простор за развој на ликовите и самата приказна. Темата е супер, но има потенцијал кој не е ни пола искористен.

Очекувам филмот со Харисон Форд и Даниел Крег да ми се свиѓа многу повеќе од ова. Со оглед на тоа што СФ вестерн и нема нешто многу, ова таман би ми дошло.

Колку за информација, онака, не многу битен факт, авторот на стрипов, Скот Мичел Розенберг е продуцент на Dylan Dog филмот кој имаше премиера пред месец дена, ама ете, уште го нема на интернет, барем не со англиско аудио. (edit: изгледа најдов добра верзија, ќе симнам, ќе видам)

4 comments:

Влатко said...

Добро што ме потсети на стрипчево. Добро е, вреди да се читне?
Филмот, како вестерн беше добар, како СФ не. :)

Бојан Николов said...

Стрипот е онака, ништо посебно. Нема да ти направи многу разлика. Филмот уште не го гледав, го чекам на подобра снимка. :)

Влатко said...

И филмот е таков , нема да ти направи многу разлика. :))))

Бојан Николов said...

Ах, филмот ја ради Харисон Форд највише сакам да го гледам. :)