Кога пред некои три години ставив broadband интернет дома, почнав да симнувам музика, филмови, серии и Spawn скенови само што се конектирав. Како и да е, никогаш не мислев дека се што сум симнал, ќе се натрупа до толку, да неможам крајот да му го фатам.
Месецов паузирам од нови ствари. Само музика симнувам и South Park со подобар квалитет (ДВД рипови) од овие што веќе ги имам. Се собраа еден куп филмови, серии и стрипови што којзнае кога ќе имам време да ги изгледам и прочитам. Еве, гледам The Sopranos сега од почеток, зошто не ги гледав сите на ТВ. После тоа, ќе седнам да гледам Jericho и некое аниме. Ми се гледа нешто добро, а налетав на неколку што ми се на to watch листата. Ах, и Death Note морам пак, иако знам дека нема да биде истото чувство како првиот пат.
Spawn седнав денес да дочитам тоа што ми останало од редовната серија. Штедев за да не дојдам до ситуација кога ќе мора да чекам нов број секој месец, ама гледам има нешто од мини-серијаливе нешто што не е пролистано. Да дочитам, па планирам конечно да објавам некоја асална статија за Spawn. Кога веќе го спомнав Spawn, се надевам дека годинава конечно ќе ја видам првата епизода на Spawn: The Animation, новата серија што веќе со години чекам да излезе. За вториот дел веќе одамна изгубив надеж дека некогаш ќе го направат. Попрво Duke Nukem Forever ќе излезе. :)
Lost е на пауза месец дена. Пак изгубив желба за серијава, таман малку мрднаа од мртва точка, затупеа со последниве епизоди како никогаш до сега. Почнав ради реда да гледам, од навика... Гледам и Terminator: The Sarah Connor Chronicles заврши и нема никакви информации дали воопшто ќе продолжи или не. А, супер е серијата...
No comments:
Post a Comment