May 30, 2015

Пилотот на Supergirl

Преќутев за The Flash. Дента кога се виткав во агонија од тие две-три епизоди излезе Daredevil, па го неутрализираше тој ужас. Еве сега, мазохистички се изложив и на пилотот на Supergirl. Зошто тогаш Бобо трошиш зборови на ова? Па... имам некои ствари за вадење од систем, а изборот е твој дали ќе ми се придружиш во процесот или не. Првата епизода на Supergirl дојде месеци пред премиерата. Неколку денови откако по шест минутното промо спонтано ми порасна матка. Лошо е. Безобразно лошо. Веројатно е наменето за храбрата женска публика на Agent Carter, со тоа што и малку ја спушта старосната граница. И, за сите што индустријата која стои зад овој суперхеројски турбофолк знае дека може да им протне секаков шунд. 

Не е "S". На мојот свет значи "ановулаторен менструален циклус".

Супергрл пробува да коегзистира заедно со Супермен од Man of Steel, без да му го спомне името. Уште тоа му фалеше на и онака лошиот филм, да го цица некој ваков крлеж. Браво DC, господари сте на филмската и телевизиска неинвентивност. Единствениот среќен во Supergirl е веројатно Дин Кејн. Одлично е мајсторе, ова беа твоите три секунди светло во последниве дваесет години. Три секунди точно, не претерувам. Другите актери не се трудат ни колку него. Глумата е толку лоша што мислиш дека во секој момент ќе почне некој порн грув и масовна оргија во канцелариите на Дејли Планет за сиромаси. И, замисли, стварно има порн грув на 22-ра минута, кога Кара на таков фанки монтаж пробува различни варијанти на полиестерскиот костим отпорен на куршуми и квалитетно сценарио. 

Во 45 минути го посведочив најисфорсираното крпење приказна од Gotham навака. Секоја втора сцена е полна со неконсистентност, биполарни ликови и референци кон "братучедот" (хехе, не тој, не тој) чие име нели, како публика мора да го знаеме. А, Супергрл плаче цело време и кенка како не му е потребна на светот. Знаеш што, Супергрл? Не му требаш на светот. Не му требаш ни ти, ни сите овие наслови што доаѓаат во следните четири генерации. Ти, и твојот удел во оваа гротескна тренди "гик култура" од која сите се дел последниве две години само го труете мојот елитистички бунар. Фак оф.

2 comments:

Unknown said...

I feel you.

proverkanatekst said...

Ја го избегавам и ова и Готам. Arrow едвај истрпев последниве 2 сезони (дури не ја ни завршив последната), а Флеш е подносливо. Али ова...па види го Суперменов бе, ко зомби е...промашај се DC со серииве, многу лош таргет имаат, напрај ги бе сериозни у пм! Не е дека нема материјал!