Уште не соземен од Mad Max, ете го Kung Fury. Шиба накај мене со целото кунг фу, неон, синт-поп, оштетена VHS снимка и 80-ти носталгија качена на диносаурус што пука ласери. Има кунг фу Хитлер. Што следно ќе видам неделава? Им успеа на Laser Unicorns, еј. Собраа пари на Кикстартер да го претворат трејлерот во краткометражна хистерично напумпана пародија на нискобуџетни акции од пред триесет години. За неполн ден го скршија ЈуТјуб со над два милиони прегледи на филмот. Моментално се најблесавите триесет минути видео материјал на интернет. Освен ако не го вртиш ова исто толку време.
Треба ли воопшто преставување на Кунг Фјури? Полицаец во Мајами од 1985 кој добива специјални кунг фу моќи откако ќе го удри гром и ќе го касне кобра во исто време додека му го убиваат парнерот. Со хакерски техники од таа ера на филмови и телевизија, се враќа назад во времето за да го убие Хитлер. Ги користи сите можни клишеа и детали на таа школа од осумдесетите, ги врти наопаку и ги носи на места кај што најмалку очекуваш да ги затекнеш. Со секоја минута успева да го намине надреализмот од претходната, па мораш да враќаш сцени назад што си ги пропуштил од смеење.
Ако ти е малку од Kung Fury, а претпоставувам дека ако барем малку имаш смисла за хумор ти е, трк на туторијалите за хакирање на времето на Hackerman. "True Survivor" на Хаселхоф исто, тоа е новиот задолжителен рингтон. А, гејмерската фела има прилика да ги поддржи Laser Unicorns со скромна донација на Стим во замена за аркаден ретро beat 'em up базиран на филмот, Kung Fury: Street Rage. Фала, Тор!
1 comment:
...сакам назад у 80тите! :(
П.С. Рик Бејкер царо се пензионирал
Post a Comment