October 23, 2014

Катарза преку Gotham

Gotham ја искористив како начин за да се избалансирам откако Synecdoche, New York ме фрли директно во ендек. Знам, тоа е исто како да налеташ на рекламата со Кајмакоски кај што ти вика да веруваш во себе, откако замижан со едно око гледаш во цевка од револвер по три недели интензивно слушање на "Напет Шоу". Веќе имам грозна болка во стомак од ужаснава аналогија кај што покушав да споредам шунд со квалитет, ама ќе си простам покасно. Зошто во оваа ситуација, пристапувањето кон нешто со сомнителен квалитет наспроти случајното налетување на гореспоменатата канцерогена реклама (платена со мои и твои пари), е свесно и промислено.

Иако си ветив дека нема да ја пипнам Gotham ни со стап од далеку, ете ме, пишувам и пост после две изгледани епизоди, додека третата ќе се симне додека ја допишувам реченицава. Нели, наместо да разглабам како Synecdoche, New York во исто време ми го еба денот, ми ја наполни и ми ја допразни душата, па ме остави со идеи и концепти што ќе ме гњават во ладниот период што следува. Решив да седнам и шамарам шупачка серија. Ни крива, ни должна. Изборот беше мој.


Една работа да расчистиме тука. Сакам суперхерои, сакам стрипови, ги сакам повеќето суперхеројски филмови, го сакам Бетмен, сакам да пополнувам емотивни празнини со нив. Меѓутоа, целиот овој тренд, извини Тор, почнува да ми ги плетка цревата. Да не отвараш очи пошироко, ќе мислиш дека живееш во свет каде што само тоа ќе се случува следниве неколку години. Пред некој ден видов некоја листа на суперхеројски филмови што треба да излезат во следниве 75 години, и некако ми падна незгодно. Целата таа доминација што ја имаа(т) меѓу блокбастериве, е прашање на време кога ќе прерасне во кичерај (DC упорно се трудат за ова), да не речам турбо-фолк. Кога ќе почнат да упропастуваат така фина уметност со евтини трици за уште поголема маса потрошувачи. Она, кога ќе почнеме да превртуваме очи на Iron Man 7? Иде натака, другари. Или мене не ми се погоди румчево.

Но, да ја оставиме оваа широка тема за некоја друга прилика. Е. Gotham се шлепа баш на овој бран, и тоа онака педерски дискретно. FOX пробуваат да увалат шаблонска buddy cop драма завиткана во наметката на Бетмен. Океј, практично во дворот на Бетмен. Каде што секој негов негативец е поврзан со друг, со сè што му се случило на него, сè што довело до Бетмен каков што го знаеме. Визуелно е баш шармантно и симпатично. Готам наликува на оној на Бартон, каде што модерното и старомодното експлицитно се допираат. Дури и Бен Мекензи е прифатлив како Гордон добар дел од времето. Барем во оние моменти кога ќе те потсетат дека ликот треба да биде Гордон од Бетмен. 

Остатокот од серијата често го отсликува фактот дека продуцентите премногу се труделе. Премногу "аааааааа, да ставиме сè што можеме освен Бетмен вааааа нека има ваааааа!" премногу. Не. Многу ќе беше поелегатно доколку дозволеа сите тие (премногу) споредни ликови и идни негативци да се појавеа некаде понатаму. Пилотот ќе се продадеше сам по себе, од причините кои ги спомнав неколку параграфи повеќе. Самиот наслов и идеја продава, не знам во која пештера мислеле дека живеат тие што влечат конци во FOX? Доколку се обидувате на мене нешто да ми продадете, да, ви го осетив пенисот во мозок со комичарот во барот на цркињата со црвената шишка. Веќе на Ајви, ми се влоши астигматизамот од превртување очи.

Апсолутен спектакл ми е да гледам како се трудат "да покријат" толку многу ствари, а притоа ништо да не се случува. Ама, па од друга страна, доколку серијата почне да се оддалечува од целата Бетмен митологија, ќе остане шаблонската детективска серија со сексуална тензија помеѓу двајцата партнери. Можам да навлегувам во парадоксов и подлабоко, меѓутоа нема поента. Едноставно, идејата за ваква серија не функционира толку добро во пракса како што мислел оној на кој му текнало. Една работа може да ја потврдам, комплетно ја јаде Agents of S.H.I.E.L.D и нека се ебат сите со различно мислење. Колку и да е лоша, не е возможно да е полоша од S.H.I.E.L.D. Ова го тврди човек што после третата епизода од тоа, сакаше да престане да гледа било што, што вклучува подвижни слики. Gotham ќе ја има истата шанса со трета епизода, да не испадне и се навртев на серијата како Пингвин на градот.

No comments: