Каков сум со гласиниве денес, ко стерилен македонски портал. Додека го дочиташ постов со овој сензационален наслов, веќе сум објавил уште три нови, два со гифови од Базфид и еден преведен од Мешабл. Енивеј, овој муабет за Крис Прет и Инди не е нов, се појави уште пред неколку месеци заедно со монтажата подоле. Во периодот кога Guardians of the Galaxy му фрли светло на харизмата и талентот. Последниве неколку саати, вестта дека Дизни наводно се заинтересирани за Крис Прет како Индијана Џонс уште на разглас од камионче што ми кружи низ маалово не ја слушнав. Не е потврдено уште ништо, ама е секаде во моментов. Едно е секако сигурно, дека петтиот филм ќе се случува, без оглед на Харисон Форд. Франшизата, која Дизни исто така ја превзема од Џорџ, е доволно профитабилна за да не сопре со Kingdom of the Crystal Skull.
Баш тука, во случајов, ми доаѓаат двојните стандарди до израз. Го сакам Инди исто колку и Хан Соло. За Хан Соло не би прифатил никогаш друг актер освен Харисон Форд, додека за Инди, уште кога излезе монтажата со Крис Прет... ако ептен мора, океј. Не се обидувам да го оправдам со муабетот дека Индијана Џонс би можел да има "бондовски" наследници, меѓутоа... некако универзумот не е толку опширен и втемелен во скоро сечиј мозок како Star Wars... бла, бла.. не знам како да го оправдам тоа што би сакал да го видам како Индијана Џонс!
Идејата е добра од повеќе причини. Како прво, колку сме тие што сакаме да го видиме Харисон Форд пак како Индијана Џонс? Многу. Додека го снимат филмот, ќе остари доволно за да го глуми древен артефакт. Дизни не пробува да го продаде филмов на мене и тебе. Ние веќе имаме загризано. Има една цела помлада генерација која појма нема што е Индијана Џонс, или не им е толку битен за да се осеќаат како некој да им го украл детството. Не е дека сме стари, туку ова е некаков природен тек веројатно. Не се откажуваш од ваков бренд само затоа што Харисон Форд е сенилен и упорно на сетот ги прашува пристутните кои се и каде му е коњот. Затоа и викам дека нов Инди подобро би функционирал од нов Хан Соло. Остајте го Соло да си умре, има доволно други работи што може да бидат Star Wars. А, Крис Прет е многу, мноооогу подобар избор од Шаја. Ако воопшто некој, а и самиот Шаја, мислеше дека ќе го носи шеширот некогаш.
No comments:
Post a Comment