
Го набавив првиот број и летна набрзинка. Иако темата е преџвакана во секаква литература, мене речиси секогаш ми е интересна. Станува збор за инвазија на вонземјани, каде што поробените луѓе се обидуваат да преживеат и да пружат отпор на окупаторот. Годината е 1956, а главен лик, нели како што е името на стрипот, е Бред Берон. Професор по биологија (срдечен поздрав до создавачите на Falling Skies, макар било и случајно) и ветеран од Втората светска војна, закитен со неколку медали и лузни.
Бред Берон во инвазијата, се разделува со семејството и е заробен од Морбовите, гуштероидните вонземјани кои планираат да ја користат Земјата за ресурси и да вршат експерименти врз луѓето. Во првиов број, приказната само полека се обликува, има флешбеци од нападите, дел од тоа што се случува со луѓето кои се заробени, додека понатаму останува да видиме како точно Бред Берон ќе се справува со гнасните Морбови.
Фин стрип, ликот е интересен, и мислам дека има простор за добри епизоди, и покрај тоа што темата не е баш најоргинална. Има и подобри наслови од Бонели, ама за фанови на вонземски инвазии ова е супер. Ќе читам и понатаму, за среќа сега има каде да се набавуваат овие ствари.
No comments:
Post a Comment