Ново продолжение на Scream звучи како лоша идеја, нели? Така ми звучеше и мене откако го најавија, додека не го изгледав. Морам да напоменам дека сум огромен фан на првиот дел, уште го имам на VHS дома и порано редовно го гледав. Како дете, ми беше еден од првите слешер хорори и причина подлабоко да го истражувам жанрот. Исто така, беше еден од првите филмови кои со пресвртот на крајот ме оставале по три дена со подотворена уста. Вториот, а особено третиот дел, беа катастрофално лоши и ги гледав само заради тоа што беа Scream и да видам кој е убиецот.
Ете, Вес Крејвен сними и четврото продолжение, во време кога слешер жанрот е мртов, а она што останало од него е скроз измутирано во некоја друга форма. Scream 4 не се обидува да го освежи жанрот или да биде на некој начин револуционирен, напротив, свесен е за она што може да го понуди, па дури и се заебава на сопствена сметка. Филмот, мене лично, супер успеа да ме извози. Преполн е со финти, сцени и реплики кои се повикуваат на претходните филмови, се разбира намерно и упорно става акцент на разликите на франшизата тогаш и денес, па на моменти и симпатично ги исмејува. Денес не можеш туку-така да убиеш некој со врата од гаража како пред десетина година и Scream 4 тоа јасно го кажува.
Scream 4 намерно се обидува да избегне одредени клишеа од хорор филмовите, дури и "правила" кои самата франшиза си ги има поставено, и тоа фино го докажува уште во првата сцена. Уште таму знаев дека нема да гледам досадно продолжение, туку забавен филм кој буди блага носталгија. Најзаебаната работа околу Scream е тоа што секогаш убиецот зад маската е непознат до самиот крај, а нешто треба да ја одржи тензијата и да покрева сомнеж до тогаш. Од сите продолженија, само четвртиот успеа тоа да го направи баш како што треба.
Инаку, приказната... Приказната, мене и не толку многу најбитна, е онака, колку да ги собере преживеаните ликови од претходните филмови на едно место. Сидни Прескот се враќа во Вудсборо после десетина години да промовира книга и нормално, се појавува нов Ghostface. Не е филмот добар ради приказната, како што реков, добар го прават референците и носталгијата. Затоа и не би му се допаднал на некој што не го сака кецот или воопшто го нема гледано.
И да, нема потреба од петто продолжение или римејк. Сериозно. И како што вика една реплика од филмот, додека сум на темава, "You forgot the first rule of remakes. Don't fuck with the original!". Закон е Scream 4.

1 comment:
Уф, тиње.
Post a Comment