Кога ќе го кажам вака, се осеќам како да сум го гледал во кино во времето на СФРЈ. А, ми текна и на еден ретардиран крстозбор, каде што филмот на сликата испадна "Враќањето на Џедаја". Како и да е.
Крајот на оргиналната трилогија. Само што го излгледав по не знам кој пат. Return of the Jedi ги буди истите емоции како и претходните два филма, со тоа што тука ги има и језивите плишани Евокси од кои мислам дека цел живот ќе се плашам. Конечно Императорот (мојата омилена Star Wars играчка што ја поседувам) се појавува ко што треба, и се решава судбината на сите ликови во сагата. Нешто што навистина многу ме интересира, е тоа како се чувствувале оние фанови кои пред триесетина години го чекале овој момент.
Бесцелно е да се пишува или дискутира за тоа колку и зошто владее Star Wars. Најдобриот СФ серијал (на филмови) некогаш снимен, и крај. Понатаму нема што. Безвременски филм е, и мислам дека исто ќе се доживува и по 30 години. Не верувам дека во скоро време ќе има нешто што барем отприлика ќе успее да парира на Star Wars. И не, немој некој да пробал да споредува со Star Trek, тоа е сосема друг муабет.
Продолжувам со гледање на новата трилогија (I - III), која иако не ја сакам колку оргиналната, успева да ми го задржи вниманието и да ме забавува. Во меѓувреме, набавив Star Wars стрипови, па да завршам со филмовиве и ќе ги читнам.
No comments:
Post a Comment