Барем 3-4 пати годишно ја гледам оргиналната трилогија, од кои барем еднаш ги фаќам филмовите на телевизија. Викендов ми излезе повеќе слободно време од планираното, па решив да седнам и да изгледам сè од почеток (IV - VI) до крај (I - III), вклучувајќи ја и анимираната серија The Clone Wars. Ех, кога веќе спомнав, летово излегува Clone Wars долгометражен, CGI, кој би требало да биде основа за нова серија која би се прикажувала на Cartoon Network. За ова, во некоја друга прилика.
Само што го изгледав The Empire Strikes Back, мојот избор од оргиналната трилогија, доколку треба да се каже омилен Star Wars филм. Најинтересно во врска со Star Wars, ми е тоа што на секое гледање откривам некој детал што не сум го приметил, или некоја грешка во снимање или слична глупост. Уживањето е потполно исто и мислам дека никогаш нема да биде поразлично. Од кога знам за себе и Star Wars, сè уште потскокнувам на одредени сцени, сè уште не дишам на lightsaber борбите и се нервирам што не го разбирам R2D2.
Ќе седнам до после или приквечер на Return of the Jedi, па од утре новиве три, иако не ги варам баш многу.
Успат, клик тука за најдобрoто прераскажуваање на A New Hope.
No comments:
Post a Comment