Релативно нова серија (само три сезони), дело на творецот на генијалните Family Guy, Seth McFarlane. Ја изгледав првава сезона, и сум изненаден. Успеав да ја тргнам налепницата "Копија на The Simpsons" од двете серии, затоа што се потрудив поинаку да гледам на нив. И да, навистина, Family Guy e пријатно освежување кај анимираните ситкоми, петтата и шестата сезона ги надминуваат, одамна млитавите Симпсонови во секој поглед. Баш пробував деновиве да ја глеам 16-та сезона од The Simpsons, и се благо речено - напорни.
American Dad има речиси се што има секој ваков "фамилијарен" ситком, семејство од чуден татко (во овој случај ЦИА агент и хардкор Републиканец), мајка домаќинка и деца кои се различни и спротивни едно од друго од секој аспект. Кога на овој шаблон ќе му се додаде вонземјанинот Роџер кој го спасил животот на Стен Смит во една операција на ЦИА и рипката Клаус чиј мозок е заменет со германски скијач, треба само да се гледа што се случува во и надвор од куќата на семејството Смит. За да биде уште подобро, гласот на заменикот-директор на ЦИА е на (drumroll) Патрик Стјуард.
Ќе ги догледам и другите две сезони, па ќе пишам нешто поопширно.
No comments:
Post a Comment