June 22, 2008

Draenei Mage

Си направив Draenei Mage карактер на WoW, чисто да видам што нуди расата, а и класата зошто никогаш немав играно ни Draenei, ни Mage.

Супер е. Иако последниве неколку месеци играјќи Warrior и Paladin, заборавив како е со карактер со range напад, па полека се навикнувам. Интересна е класата, особено fireball-от и frostbolt-от, тие магии најмногу ги користам. Ќе треба да се одлучам дали ќе играм Frost mage или Fire mage, ама прво да се левелирам, не сум ни 20-ти левел. Сеуште ги учам можностите и финтите што ги има класава, па ќе пишам понатаму што и како функционира.

Draenei како раса ми се многу интересни, за жал, не стигнав да ги пробам, зошто долго време играв Хорда. Сега пак се вратив на Алијанса, веќе имам Human Paladin 70 левел. Баш денес го држевме Gadgetzan под опсада цело попладне со другаров, па еве и скриншоти.

Инаку ептен е убав Azuremyst Isle, имав дојдено и порано, ама сега имав можност убаво да разгледам наоколу. Квестовите се исто така интересни, мора некогаш да ги пробам повеќето и на blizzlike сервер.

Толку за сега. Карактерот инаку се вика Sygg, по мерфолкот од Magic: The Gathering. :)

2 comments:

XXX-->Ivan<--XXX said...

Еве ја како искусен „mage-ија“ ќе ти го кажам следново...подобро ти е frost да бидеш се додека не станеш седумдеска. После сам ќе си одлучиш што сакаш. Бај д веј јас имам 50 level мејџ на оригиналниот, само веќе не го играм... :)

Ако не ми веруваш иди на Armory и барај ме под името Pejola... =)

позз

azsis said...

хехе јас би играл вака, прво за левеловање би играл со fire па после ако го правиш за раид стави го arcane и готово а можеш и фрост или fire за пвп