March 14, 2008

Пролетна акција и слично

За мене пролетта почнува на први март, па макар и снег да врне. Иако овој март не е баш како што сакам да биде, сепак самиот факт што е март, некако ме разведрува и ми го подобрува расположението.

Деновиве ќе ја прославам и третата година од блогирање, иако мојот прв блог веќе одамна не постои (вториот е МакТрек, и моментално е во полу-живот, ама ќе живне наскоро). По тој повод (како не), решив малку да се посветам на сајдбарот на Crapwerk. Да, сајдбарот. Тотално сум заљубен во моменталниот темплејт на блогот што не би го менувал за ништо. Еве, во сајдбарот веќе некое време имаше листа на "статии на неделата", а од сега решив еднаш неделно да избирам пост што мене ми е особено драг, а е закопан некаде по архивите. Незнам дали некој воопшто копал по архивите на Crapwerk, не е ни битно, битно е што ќе се потрудам гомната кои сметам дека вредат, да испливаат на површина. Ете ја статијата на неделата, уредно објавена со слика, да боде очи. Категориите супер си работат, едно време се зезна скриптата поради некои апдејти на сервисов.

Конечно ја пробав World of Warcraft играта со карти! Не е Magic: The Gathering, ама ептен ме привлече, поради тоа што сум добро запознаен со Warcraft универзумот. Слично се игра, дури за некои работи е многу поинтересна од Magic. Има во "Гоблин" карти, 'starter' декови и слично. Ептен ради Magic не би можел сега да го одврзам ќесето, а сакам...

Кога сум веќе кај Magic: The Gathering, пред некој ден Wizards of the Coast на нивниот сајт го објавија дизајнот на еден од бустерите, заедно со 15 карти кои ќе ги содржи новата едиција, Shadowmoor.

Инаку, деновиве ми свири една забегана dark psytrance компилација што мора да ја споделам. Се вика "Kitab Al Azif", трибјут е на Лавкрафт, соработка е на повеќе издавачки куќи, содржи артисти кои изминативе неколку години растураат на транс сцената и најбитно од се - објавена е бесплатно на интернет, под Creative Commons лиценца. Може слободно да се превземе на овој линк.

Каков ден имав денес, не стигнав да гледам "Lost", сабајле ја симнав новава епизода. "24" четвртава сезона ми беше малку тапа на почетокот, ама ја навикнав, до пола сум, а петта сезона ми се симнува. После ова, мора уште еднаш "Death Note" да изгледам...

4 comments:

XXX-->Ivan<--XXX said...

Седмата епизода е неочекувано не толку добра...

Ивана said...

Најдобар ти е до сеа дизајнов, задржи си го :)

dr. Max said...

Да, апсолутно се слажем со Ивана, најбољи ти е дизајнов! Инаку како оди со Меџик? Се игра ли? Ајде, ајде, ја почнав психички да се спремам за пририлисот... ;)

Бојан Николов said...

Го урочивме темплејтот. Сликите од него (позадината, кај менито, скоро сегде) ги нема зошто серверот кај што беа хостирани не работи веќе. Имам бекап, али не од тоа што ми треба. :S