February 10, 2016

Вовсталгија: Дoбрeдојдe вo џунглатa

По еден месец на Nostalrius, со Gnomewerk го прославив 34-тиот левел. Не можам прецизно да одредам колку ова траеше во часови (или денови), зошто добар дел од времето играта ми е уклучена во позадина. Но, речиси секогаш сум "rested", па неплански се излевелирав побрзо од вообичаеното. Двојниот "rested XP" ми овозможи да го надоместам времето што го изгубив на групирање при раните левели, особено во зони како Дасквуд каде што практично е невозможно некои квестови да ги завршиш сам. Не само елитните, туку и нормалните каде што има премногу луѓе, па ако сакаш да дојдеш на ред да удриш нешто пожелно е да си во група, зошто нели, заедно сме посилни.

Некаде до 30-ти левел, играта те шета од зона во зона без да се грижи дали имаш проблем со долго пешачење. Не постојат квест хабови, а реално, тоа е одличен начин да го запознаеш светот. Кога ќе добиеш квест што е две зони подалеку, а секоја коцка XP ти е битна, немаш избор. Самото патување е посебна авантура. Ќе сретнеш други играчи од твојата фракција, ќе убивате други од противничката (или ќе трчате по лешовите од еден крај на зоната до друг), ќе си помогнете околу квестовите и ќе плачете колку била добра играва на Времето


Токму ова недостасува во моменталната оргинална World of Warcraft каде што квестовите се сконцентрирани на купче во некој дел од зоната, па откако ќе ги завршиш немаш некоја причина да се вратиш назад. Приказната завршува, продолжуваш во следниот камп и тоа е тоа. Потоа одиш во следната зона каде што се случува истото. Ниту еден од тие квестови нема да ги завршиш со друг играч зошто си премоќен и сам, а опасноста од спротивната фракција речиси е непостоечка зошто веројатно се наоѓаш на сервер каде што едвај постои. Тие што се присутни едвај те забележуваат.

А, како играч што преферира World PvP повеќе од било какво квестање, ми фали дури и кога треба да бегам од тројца Шамани што дента решиле само да патролираат низ Стонталон и да убиваат сè што е со црвено име испишано над главата. Истата вечер доведе до таков класичен Ванила момент. Решивме да се собереме неколку луѓе кои ќе го возвратат ударот и ќе стават крај на постоењето на Хордата во овој предел од Калимдор. Во тензични битки кои траеа речиси два часа, успеавме да убиеме околу 20-тина непријателски играчи и да го ослободиме Стонталон. Од тој ден наваму, Gnomewerk е дел од екипа која неофицијално се нарекува себе "The Butchers of Stonetalon". Името е страв и трепет за малите левели од редовите на Хордата. Големите не доаѓаат секогаш на помош зошто се презафатени со една друга битка...


Битката за Stranglethorn Vale! Ванила е брутална кога станува збор за левелирањето на половината од тие 60 левели. Кога Blizzard замислиле заедничка зона за двете фракции, не верувам дека очекувале дека ќе се одвива брутална војна помеѓу нив која трае без престан. Многу од тие што се 30-60 левел се тука и си наштетуваат едни на други. Единственото место "нормално" да прогресираш како Алијанса во Ванила е Стренглторн. Да, квестовите се најобично грајндање, особено кампот на експедицијата на Nesingwary, но баш тука двете фракции се борат за превласт. Заеби го патчето пред Бути Беј, кампот е точката каде што ќе умреш или преживееш во зависност од тоа која фракција ја држи во моментот. А, тоа варира на секои десет минути. За жал, алтернативата се неколку други на различни делови од континентите, но PvP адреналинот не излегува надвор од стандардното. Пак ќе се бркаш со некого за да се убиете, ама не е исто.

Прошетав и во зоните што се ексклузивни за Хордата. Беренс ми е едно од омилените места во Ванила, зона што не сум ја пропуштил со ниеден Хорда карактер. Интересно беше да се види од оваа перспектива и со неколку други залутани Алијанса играчи да се реметите за жена му на Манкрик. Пробав да се доближам и до Кросроудс, меѓутоа стражарите во мојот Гном видоа само непријател. До кога со овој расизам?


Моментално сум назад во Стенглторн зошто си ги потрошив квестовите во другите зони, па сум приморан да трчам данџни за кои тотално немам време, или да убивам свињи како Картмен до следниот левел кога ќе згусне во џунглата. Истрчав Стокејд, пробав Гноумреган, меѓутоа за останатите ми е кнап. Го обожавам целото собирање и пешачење до влезот на данџнот, дури и трчањето со лешот од средина на зоната, но сум ограничен на неколку саати неделно, па гледам да квестам само кратко пред спиење. Со ваквото темпо, добро е што воопшто стигнав до тука. 

Уште шест левели, ќе можам да тренирам јавање и да купам маунт. Единствениот проблем е што сум сиромав, па едвај имам злато за поправка на опремата и тренирање магии. Во Ванила вакви "превозни средства" се привилегија на најупорните и посветените, па ако сакам Gnomewerk да се движи побрзо низ Азерот ќе мора посериозно да почнам со аукционирање на торби и слични срања што можам да ги правам со професиите што ги имам. Кога ќе влезеш во главен град, лесно ги препознаваш "јаките" играчи. Тоа е тоа што го има во Ванила, па дури и во двете следни експанзии. Влези денес на ритејл и сите што се 100-ти левел изгледаат скоро идентично. Ако се воопшто надвор од Гарнизоните. Играта е преплавена со маунтови и играчки во кои се гушат легендарните рејдери. Штета.

No comments: