Ретко кој артист или бенд може да се пофали со албум толку добро скроен до степен да наликува на некаква "грејтест хитс" компилација. По експлозивниот провокативен вовед во мејнстримот со The Slim Shady LP и мрачното алтер-его, бескомпромисно бруталниот The Marshall Mathers LP, Еминем во 2002 година го издава The Eminem Show, кој во многу исторски тефтери е запишан како неговиот магнум опус. Не броејќи го Infinite, сите бариери се пробиени со претходните два албуми. Слим Шејди е во етерот, светот има "голем" бел рапер, а неспремноста на медиумите и третманот кон Маршал Метерс се уредно испочитувани со неговите средни прсти на MMLP.
Па, тогаш која е следната дестинација со третиот албум, ако не e "шоуто на Еминем"? Веќе свесен за неговиот статус на глобалната рап и поп сцена, но исто така и за неговиот рок на трање, удира со сета снага, како да ќе држи микрофон за последен пат во животот. Притисокот е огромен од секоја страна, но овој пат нема потреба да докажува ништо освен да ја одбрани титулата.
The Eminem Show е спакуван со пулсирачката енергија на веќе созреан артист. Доколку претходно бил збунет од тужбите на блиската фамилија во која безобразно нишанел, раперите што го отпишале како поп сензација, односот на медиумите кои на нож го дочекувале секој негов збор, овде е вооружен со уште посериозен лирички арсенал со кој возвраќа дупло на секоја неправда и нема немера да поштеди никого. Приватниот живот веќе му е претворен во отворен циркус, па кога светлото е вперено натаму зошто да не ти ја разбистри темната слика која само површно сеирџиски ја посматраш? Или, премногу е јасна и болна на ствари како "Cleanin' Out My Closet"?
Во оваа точка од животот на Маршал, се знае сè за него. Веројатно сите теми на албумот може да се пресметаат во "Say Goodbye Hollywood". Но, сега перспективата е поинаква, па се обидува да дообјасни некои детали. Во повеќе наврати обработува такви случки кои добиле можеби погрешен таблоидски третман. За тепачката со вратарот што му ја смувал Ким поради која добива условна казна затвор, за старателството над Хејли, цензурата, судските спорови со Деби и конечно за родителите кои го обвинуваат за лошо влијание врз нивните деца. Дури чепка и политички теми на "White America" и "Square Dance", каде што јасно ги изразува неговите анти-Буш ставови, нешто што по две години подиректно ќе го направи со напнатата "Mosh".
Емотивниот Маршал ни тука не успева да биде потиснат, само што мајсторски го шверца тоа во хитовската "Superman", прикривајќи очигледна тага со остра мизогинија. Дебелите феминистки што се кенкаат за "Superman" веројатно не ни стигнале до третата строфа. Не дека е за правдање, меѓутоа нештата не се секогаш црни и бели. Освен стегнатата техника на рецитирање, Еминем овој пат се има погрижено и за речиси цела продукција. Од вкупно 20 траки на The Eminem Show, само три се на Дре. Остатокот е негов, со помош на некои места од Џеф Бас.
Овој албум ја заокружува трилогијата на Шејди, Маршал и Еминем. За жал, успехот не е повторен со продолжението Encore, кога животот на господинот Метерс полека почнува да се претвора во она за кое рецитира на Relapse и Recovery.

No comments:
Post a Comment