August 4, 2013

Новиот Доктор

BBC го објавија новиот Доктор, наследникот на Мет Смит. Питер Капалди е следната инкарнација, дванаесета по ред,  и ќе го превземе Тардисот во специјалната божиќна епизода кон крајот на годинава. Кој е Питер Капалди? Искрено, поим немам. И да сум гледал нешто со него, не сум го приметил, па дури ни во епизодата на Doctor Who со Тенант каде што се појавува како сосема друг, спореден лик.


Фановите се поделени како и претходно. Некои се среќни со изборот, другите мрчат. Лично мене, ми изгледа супер. Постар е, различен од претходните три, а доколку серијата продолжи мрачно како што заврши последната епизода, ова е фацата што мислам дека ќе се вклопи. Кога во неколку секунди видео можеш да приметиш дека го има потребното за Докторот, јасно е. Стивен Мофат знае што прави и не се сомневам во неговиот избор.

Doctor Who пред божиќната епизода, ќе ја прослави 50 годишната заедно со Мет Смит и Дејвид Тенант. И, изненадувањето од финалето на претходната сезона, секако. Осмиот серијал почнува да се снима во септември, датум за почеток на прикажување се уште нема, ама фак оф ако е стварно во август 2014.

2 comments:

Unknown said...
This comment has been removed by the author.
Unknown said...

Редно беше да дојде постар Доктор кој ќе го сакаат зарди она што Докторот навистина е, а не заради добриот изглед. Иако Тенант ми е омилен сакам да видам постара личност во оваа улога која ќе ги долови првите доктори од почетокот на серијалот. Allons-y