June 2, 2013

Doctor Who без Мет Смит

Наместо да пишувам колку беше добра последната сезона, ќе треба да дискутирам лоши вести. Од денес е официјално - Мет Смит ја напушта серијата по Божиќната епизода на крајот на годинава. Имаше шпекулации изминативе месеци, ама некако не ми се веруваше дека ќе го пуштат туку така да си замине. Овие три сезони Мет Смит ме освои комплетно што знам дека ќе ми биде тешко да ја прифатам следната инкарнација. Веројатно зошто го претстави Докторот баш како што го замислував пред да изгледам било што од серијата. Летово останува да видиме кој е следниот што ќе стапне во плавиот TARDIS. 


Мет Смит успешно се снаоѓаше во улогата. Беше исклучитилно шармантен и понуди брилијатен спој на детинест Доктор кој сепак во себе носи 900 годишна мудрост и искуство. Во овие сезони Стивен Мофат истражи некои нивоа од Доктор кои претходно ги немавме видено така потенцирани кај Дејвид Тенант. Сезоните се занимаваа и со поемотивната страна на Докторот, како и со неговите корени. Референците кон претходните инкарнации беа повеќе пати пристуни, да не потсетат за легендарната историја на Doctor Who, а воедно и да направат пат за спектакуларната 50 годишина во која првпат ќе видиме двајца Доктори. Дејвид Тенант, заедно со Били Пајпер веќе го имаат снимено својот дел. 

Менувањето на Докторот е составен дел од серијата, колку и да е тешка разделбата со актер кој ти оставил толку силен впечаток. Серијата еволуира и секој Доктор нуди нешто различно и специфично. Додека е Стивен Мофат движечка сила на Doctor Who, не се сомневам дека квалитетот ќе се промени, меѓутоа празнината ќе се осеќа.  Сепак, мислам дека сезоните со Мет Смит засекогаш ќе ми останат омилени.

Ако најдам време периодов, ќе составам листа од епизоди кои задолжително мора да се гледаат. Без разлика дали си фан на Doctor Who или не.

2 comments:

Дарко said...

Не се согласувам дека сезоните со 11 се занимаваа со емотивната страна на докторот повеќе од сезоните со 10. Го гледавме Тенант brokenhearted (после Роуз и после Дона) и бесен до толку што не сакаше нови companions и полн со восхит за the earthling (океј ова и кај Мет го имаше, али сепак). 11 едвај да се растажи кога се раздели од Ејми и Рори и остатокот од времето се мајмунишеше наоколу :)

Бојан Николов said...

Шо знам, со Роус океј, али со Дона воопшто не ме допре, можда зошто ич не ја сакав. :) Ејми и Рори ми беа најбољи придружници до сега.