Додека чекаме Blizzard да го објават името на следната World of Warcraft експанзија, за следната година се спремаат три нови MMO игри кои секојдневно билдаат армија фанови. Не само што си се конкуренција меѓусебно, туку се и сериозен кандидат за второто место до WoW. Да бидеме реални, WoW ќе го држи првото место по претплатници уште долго, долго. Не верувам дека нешто ќе се промени во следниве три години, без оглед на тоа уште колку играчи ќе изгубат. Во секој случај, со следната експанзија нема да изгубат повеќе.
The Elder Scrolls Online веќе го добива обликот на игра која одговара на насловот. Пред една година, она што се знаеше за играта е дека ќе биде како сите други во жанрот. Како изгледа TESO сега? Има first-person камера и гејмплеј сличен како претходните The Elder Scrolls игри! Ако тоа функционира така како што изгледа на видеата и така како што знаеме дека функционира, ете ти инстант профит. Само Skyrim има продадено околу седум милиони копии првиот месец, да не ги рачунаме претходните игри. Колку од тие што играле, еве Skyrim, би играле ММО во истиот свет? Колку хајпот што веќе го создава TESO ќе донесе барем половина од тие? После видеава што се појавуваат низ последниве конвенции, некако почнувам да верувам дека ова е "следното големо нешто". И да, играта ќе има месечна претплата.
EverQuest Next го означува враќањето на наслов кој владеел на сцената пред да се појави WoW. Кога се појавувале првите трејлери за WoW, играта била нарекувана EverQuest клон. Добар дел од играчите и критичарите верувале дека ќе згасне за неколку месеци. Тоа била EverQuest, не се плашела ни од WoW, бидејќи служела како инспирација, нели. Денес иако има тон експанзии, продолжениe со сопствени експанзии, играта е веќе уморна и застарена. EverQuest Next е обид да се врати сјајот на насловот. Планот е да биде најголемото sandbox MMO во историјата. Паралелно, доаѓа и EverQuest Next Landmark , алатката со која девелоперите го развивале светот на EverQuest Next. Landmark ќе е достапен за сите играчи кои слободно ќе може да градат што и да посакаат, во отворен виртуелен свет. Новава EverQuest звучи толку примамливо што може комплетно да го редифинира жанрот. Нешто како што оргиналот направил своевремено. Инаку, најавена е како бесплатна, ама претпоставувам дека ќе има еден куп ситници кои ќе се плаќаат. Ќе склопам посебен пост за ова, нека се потсоберат бар ствариве од тековниот Gamescom.
WildStar веќе ја зборев. Oчигледно NCSoft веруваат толку многу во WildStar, што последните вести се за нивниот бизнис модел. Она што го нуди WildStar, веќе е достапно во еден куп бесплатни игри кои гураат со микротрансакции. Искрено, очекував еднократно плаќање како Guild Wars 2, со ситни козметички тракантанци за купување. Реално, игра која е прилично блиска до WoW, тешко е да опстои со месечна претплата. Не ја гледајте The Elder Scrolls Online, самиот first-person e на некој начин храбра и свежа идеја во жанрот. Не е дека нема, ама со таков сетинг, нема многу. Затоа кај нив претплатата ми е некако пооправдана. Сигурен сум дека WildStar многу бргу ќе се префрли на F2P модел. И, некако изгледа инфериорно сега во споредба со EverQuest Next и TESO, нели?
No comments:
Post a Comment