August 11, 2013

Пет филмови до крајот на 2013

2013 беше година која ја обележеа суперхеројските блокбастери. Веќе престанав да ги бројам. Што воопшто не е лоша работа, со оглед на тоа дека во изминативе десет години добар дел од Холивуд држат лоши римејци и рибути. Златното доба на суперхеројските филмови е со години наназад присутно, а голем дел од насловите го потврдуваат тој факт. Годинава изгледав речиси сè што сакав, а тоа што не стигнав ќе биде наскоро изгледано. Кога ќе се појави добра снимка, нели. До крајот на 2013 чекам уште пет филмови што ми се во план за гледање. З

Riddick излегува на почетокот на септември. Продолжение на страшно потценетиот Pitch Black, кој инспирацијата ја црпи баш од таму. Различен од вториот дел, кој иако не е лош има многу маани во споредба со првиот. Ридик пак е запустен на некоја вукојебина од планета, каде што меѓу другото, се обидуваат да го убијат монструозни вонземјани. Формулата е позната, ама сум сигурен дека ќе успее по втор пат. Еден од ретките филмови каде што Вин Дизел е поднослив накај добар, со амбиент кој вришти СФ. Во новиов башка ќе ја има и Старбак. 



Gravity ме купи уште со тизерот. После излезе стандардниот трејлер и сега не можам да го дочекам октомври. И покрај тоа што филмот ќе биде 90 минути Џорџ Клуни и Сандра Булок како плутаат во скафандери над Земјата и муабетат, имам некое добро претчуство. Алфонсо Куарон е режисер и сценарист (заедно со брат му), и ако се потпреме на Children of Men, може да се очекува повеќе. Gravity треба да го извади добар дијалог, кој се надевам ќе биде присутен и ќе помогне да заборавам дека главниот женски лик е Сандра Булок. Сериозно, језива ми е Сандра Булок зошто сум убеден дека е уствари машко.

Machete Kills излегува некоја недела после Gravity. Мислам дека два пати годишно да штанцаат Machete филмови, ќе ги гледам. Не дека нема еден куп вакви излезени пред 30-40 години, ама ми се свиѓа како Родригез си игра со жанрот. Овој пат, ги прибрал Софија Вергара, Мел Гибсон и Чарли Шин, односно Карлос Естевез. Истурив кафе од смеење на introducing. Без оглед на хејтот што го добива филмот, Дени Трехо е уште шизик и му се можат вакви улоги. Подобри од сличните мали што ги имаше последениве дваесет години.

Thor: The Dark World во ноември. Претпоставувам дека ќе има премиера и тука во провалијава. Ако размислам, вторите делови на филмовиве на Марвел секогаш ми биле подобри. Истото го очекувам и од овој, а од трејлерот некако така и ми мириса. 

The Hobbit: The Desolation of Smaug ја затвора годината во декември. Колку и да кењав за првиот, знам дека прв ќе се нацртам во кино. Приказната прави значителен прогрес од она што веќе го видовме и дефинитивно е поинтересна. Се надевам дека фино ќе се надополни на првиот дел и ќе му фрли малку повеќе светлина. Како што кажав и за An Unexpected Journey, не е лесно да влечеш толку мала книга девет саати. Смауг е најинтересниот дел од приказната, па сакам да верувам дека филмот ќе успее убаво да го пренесе. 

Покрај овие пет, од есен доаѓаат и Ender's Game, Kick-Ass 2, The World's End и Anchorman 2, ама не знам нешто возбуден околу нив. Еј, да. И, Escape Plan со Сталоне и Шварценегер.

1 comment:

Влатко said...

не знам како ти се гледа Мачет :) да не се заебаваше Родригез со вакви грајндхаус (коа сум кај овие кај е оној со Николас Кејџ како Фу Манчу XD) и со Спај Кидс, Син Сити 2 ќе искочеше порано...вака уште и го одложија за 2014-та што е добра работа зш да не го напаравеа ова немаше да има што да глеам наредна година.

Од оваа - уште Елизиум, новиов од Вуди Ален, You're Next го фалат демек, Гравити, и новиов од браќава Коен...
Тој со Шварци и Сталоне само ако добие јаки оцени, доста ми беа двата дела од Еспендаблс, закаснија многу со оваа идеја, требаше таму негде у 90-тите да се удружат; 2000та па навака опадна многу квалитетот на филмовите.