September 25, 2010

Machete (2010)

Пред да влезат големите пари во продукцијата на Роберт Родригез, типот сними еден од најдобрите филмови во mexploitation жанрот, култниот El Mariachi. Од тогаш па наваму, освен Маријачи трилогијата, From Dusk 'Till Dawn и Sin City немаше ништо квалитетно и од онака, малкуте филмови кои не беа продолженија на Spy Kids.

Од неговиот обид со Тарантино во 2007 да се направи grindhouse омаж, единствено нешто што мене ми го привлече вниманието, беше фејк трејлерот измеѓу Planet Terror и Death Proof, со наслов Machete. Ако нешто сакав да видам тогаш, беше Machete филм. Родригез виде дека фановите го поздравија трејлерот и наскоро почна да се снима и филм. Филмот конечно излезе годинава и деновиве се појави по нетов со квалитетна снимка.

Знаев дека нема утка со Machete, уште кога видов дека трејлерот за филмот ги има истите сцени како во оргиналниот фејк трејлер, плус имиња како Стивен Сегал, Дон Џонсон и Роберт Де Ниро. Дени Трехо, на 66 години, конечно доби водечка улога во филм. Типот е најзаебаниот мексиканец што се појавил на филм, вакви улоги му стојат најмногу и што се однесува до мене, би гледал по два филма годишно со Трехо во главна улога.

Целиот филм е намерно клишеизиран, крвав, полн со цицки и one liner-и, мачети и режиран во духот на старите exploitation филмови. Најмногу ме интересираше како Родригез ќе успее да сними филм базиран на трејлер и како ќе ги поврзе сцените. Мојата замисла беше малку поинаква од реализицијата на Родригез, меѓутоа на крај гледам дека испаднало ептен добро. Типот е растен со таква школа на филмови и едноставно знае што и по кој шаблон треба да прави. Едноставна приказна, која критиката ја осуди како расистичка, но и покрај можните скриени пораки на Родригез (кои лично не ме тангираат), филмот е феноменално реализиран. Најмалку што нуди, е одлична забава како што и очекував.

Заебан мексиканец кој со својата мачета и арсенал од други ладни оружја тргнува да се одмазди, откако е наместен како жртвено јагне во политички заговор. Чич Марин ми беше еден од најдобрите ликови во филмот, сомнителен свештеник кој што црквата си ја брани со шатгани. Мишел Родригез има неизбежна улога, како и секаде кај што се појавува, додека врвот на споредните ликови ми беше Дон Џонсон, еден од најголемите шизици што се појавиле на филм и телевизија. Крис Купер е заменет со Де Ниро, кој одлично се снаоѓа во улогата. Џесика Алба некако не ми се вклопи најдобро, но со оглед на тоа што намерно и е доделена ваква улога, не испадна толку лошо колку што мислев. Стивен Сегал првпат го гледам како негативец и ме изненади позитивно.

Machete e супер филм, освен ако некој не го сфати сериозно. Намерно е таков каков што е, и поради тоа вреди за потрошеното време. На крајот, има дури и најава за две продолженија кои иако не верувам дека ќе се остварат, радо би ги гледал. За два месеци излегува нов филм, Vengeance, сличен на овој, повторно со Дени Трехо во главна улога, па ќе се види и тоа.

Booth: Machete sent me a text.
Osiris Ampanpour: What did it say?
Booth: "You just fucked with the wrong Mexican."

3 comments:

Losteech said...

Еј, баш вчера го симнав! :)
Велиш добар а? Дефинитивно оставам коментар тука штом го изгледам. :))

Losteech said...

Хаха па искрено подобро вакви акции нека прават, отколку некои „сериозни“ од типот на 2012, Knight and Day, Salt и сл.

Вака ако ништо барем не можеш да бидеш разочаран. Потполно се согласувам со тебе, добар филм за опуштање. :))

Само жал ми е што покрај толку многу цицки не ги видовме оние на Мишел Родригез... :( А два пати досега ја имам гледано во секс-сцени... со Мачете и со Соер во LOST. Damn! :(

Друго... Дани Трехо = ЗАКОН!
Чич Марин пак со мрдната улога и тука. =))
Џесика Алба.. ммм, мислам дека ќе ја сонувам вечерва (на мотор) после последната сцена. :P
Џеф Фејхи, после Трехо, мислам дека најдобро изглуми.

7/10

Бојан Николов said...

:))

Супер е филмот. Ја сакам втор дел.