DC Comics месецов прават огромен чекор, ресетирајќи ги нивните стрипови, кои сега почнуваат од број еден. Вкупно 52 наслови. Слабо пратам DC изданија, читам нешто повремено, па ова е одлична прилика одредени стрипови да се фатат со ред. 52 е навистина голема бројка, повеќето не ме интересираат, па планот ми е да читам Бетмен, Супермен, Најтвинг и евентуално нешто што никогаш не сум го пипнал, а ми изгледало привлечно, како на пример, Swamp Thing.
Енивеј, новава линија би требало да биде поеднакво интересна за нови и стари читатели. Се започна крајот на август со Justice League #1, издание потпишано од легендарните Џеф Џонс и Џим Ли. Лично, не сум фан на Justice League, поради многу причини, една од нив е Вондер Воман, херој што секогаш ми бил прв на листата на најнеинтересни супер-херои. Сепак, изданието кое ја стартуваше 52-ката на DC, морам да признаам дека беше квалитетно напишано и феноменално нацртано. Средбата на Бетмен со Грин Лантерн е без дискусија епска ("So, you're not just a guy in a bat costume, are you?") и го прави цел број вреден за читање. Иако не ми е во план, може и понатаму да разгледам некоја од следните приказни на Justice League.
Detective Comics #1 ми е најдоброто издание од првава тура. Пресметка помеѓу вечните непријатели, Бетмен и Џокер и приказна која опфаќа огромен дел од она што го знаеме за Бетмен како лик и светот во кој егзистира. Запазени беа многу елементи својствени за Бетмен приказна. Брус Вејн треба да се појави негде како Брус Вејн, средба со Гордон кај бет-сигналот... Баш онака класична Бетмен приказна. Плус, потпишан е Тони Даниел, типот кој со Грент Морисон стои зад Batman R.I.P. и има работено на Spawn. Додека стигне новата тура DC стрипови следната недела, Batman R.I.P. ми е во план за читање, со надеж дека овој пат ќе го издржам до крај. А, да. Detective Comics #1 има едно неочекувано изненадување на крај. Баш ме интересира како ќе се одвива приказнава
понатаму.

Action Comics #1 го претставува младиот и бунтовен Супермен. Ликот тука има некои карактеристики кои некако ми се непознати, а пријатно го освежуваат ликот и му даваат малку поинаква димензија. Дури го нема ни костимот, туку е облечен во Супермен маичка и фармерки. Лекс Лутор се појавува како главниот негативец кој се обидува да ја убеди армијата колку е Супермен опасен за човештвото. Приказната е на Грент Морисон и баш сакам да видам до кај ќе забега. Откако го гледав Talking With Gods, типот ме заинтересира повеќе од било кога.
Од оваа тура, може ќе читнам уште нешто, па ќе ја скоцкам некој пост. Следната пристигнува на 14.09, а од таму прво за читање ми е Batman & Robin #1. На линков има убаво средена листа на сите изданија, а за дискусија околу истите може да се ѕирне темата на МакСтрипови форумот. Е, дури на 21-ви септември излегува стрипот за кој лично јас сум највозбуден и пресреќен што ќе го следам од прв број од новиот почеток. Batman #1, за чие цртање е задолжен еден од моите омилени артисти и еден од најталентираните воопшто, господинот Грег Капуло лично! Доколку некој се сомнева во неговите способности, може да ги провери изданијата на Spawn потпишани од него.
DC Comics веќе ме добија како редовен читател. Ова е супер прилика за сите заинтересирани да си ги почнат насловите баш од прв број, со свежи приказни кои верувам дека ќе ја држат публиката и понатаму. Ќе се обидам редовно да пишувам за новите изданија, макар и вака, од лаички аспект.

2 comments:
Значи нов фан имаат DC a? :D И ја прочитав DC и Action Comics #1. Daniel не работеше баш добро на Batman серијалот пред новиве 52, ама ова што го прочитав е интересно. Крајот особено. Action исто занимливо, иако рано е да се каже. Третманот на Морисон можда нема да ги придобие сите, ќе видиме натаму. Swamp Thing #1 исто ми е на листа, и ти го препорачувам, пошто Scott Snyder го пишува, а у моментов он и Geoff Johns се главни пишувачи у стрип индустријата. Ако ти се засвиѓа, чек аут и American Vampire од Scott Snyder, добро е.
Фала за препораките! Swamp Thing дефинитивно ќе се ѕирне, а му се спремам и на Batwing. У принцип, сите Bat наслови ми делуваат привлечно, така да може да се разлистаат.
И да, DC си добија редовен читател месецов. :)
Поздрав!
Post a Comment