September 18, 2009

Сите на куп: The Expendables

Пред година дена го поставив прашањето, Кој сега ќе го спаси светот? и одговорот е веќе во пост-продукција. Сталоне успеа да ги убеди Шварценегер, Долф Лундгрен, Брус Вилис, Џет Ли, Џејсон Статам, Мики Рурк заедно со Ерик Робертс и куп други, да се соберат на едно место и да го направат најдобриот акционен филм на сите времиња. Или најлошиот.

The Expendables
можеби е меч со две острици. Или ќе ги круниса кариерите на актерите кои немаат уште многу до пензија, или невозможната опција, да бидат исплукани и да го загубат угледот кај фановите, како што тоа му успеа на Брус Вилис со Live Free or Die Hard. Невозможна, бидејќи главниот адут на филмот се баш сите овие имиња на едно место, па не верувам дека некој ќе остане рамнодушен или разочаран. Барем сите знаеме што да очекуваме.

Приказната е едноставна. Тим на врвни платеници, се испратени на мисија во Јужна Америка да го убијат диктаторот што ја тероризира околината со години. Шварценегер и Брус Вилис ќе имаат помали улоги, Шварценегер верувам дека нема ни да го приметиме. Ми фалат Курт Расел (не бил заинтересиран за ол-стар филм), Жан Клод Ван Дам (одбил, ко да има други филмови за снимање), Дени Трехо (каде без него?!), Вин Дизел, а Стивен Сегал одбил бидејќи имал недоразбирања со продуцентот. Чак Норис никој не го ни прашал, зошто најверојатно и на Сталоне му е дојдено преку кур од Чак Норис.

Тоа што ме секира, се двете планирани продолженија. Пред се, пола од актерите горе се доволно зрели за пензија, а не се Харисон Форд за да бидат кул и на 90 години, плус сите имаат доволно пари и ќе направат уште многу со филмов. Беспотребни продолженија со пола постава или Кристијан Бејл, не фала.

The Expendables ќе излезе во август 2010. Има време. За продолженија, подобро да нема. Меѓутоа, Сталоне не се дава, во 2011 Rambo V: The Savage Hunt.

2 comments:

Миле Петрушевски said...

Чак Норис никој не го ни прашал, зошто најверојатно и на Сталоне му е дојдено преку кур од Чак Норис.

и тоа шо викаш, сталоне дреме по форуми.

Бојан Николов said...

Не, него Чак Норис го закопаа со фактиве и сл. :) И ја не би го зел, лош маркетиншки потег е тоа.