Какво отварање на новава сезона Family Guy... Епизодите со наслов "Road to..." секогаш им биле меѓу најдобрите, а првава од осма сезона, "Road To Multiverse" инстантно ми стана омилена од ваквите. Нема да одам во детали, поради спојлери, туку ќе кажам само: Дизни универзумот. (океј, спојлер е)
Family Guy пичи напред и не познава граници. Сет МекФарлејн оди во крајности и знае како да испорача таков генијален хумор што се двои од било што друго денес на телевизија. Затоа е и толку успешен и стои зад моментално најдобрата анимирана хумористична серија. Сигурен сум дека следните пет сезони Family Guy ќе фура со истиот квалитет. Сезонава инаку требаше да почне со пародијата на The Empire Strikes Back, меѓутоа решија да ја одложат дури за крај, негде на пролет, заедно со пародијата на Return of the Jedi. Така ќе биде комплетна Star Wars пародијата што ја почнаа со "Blue Harvest".
American Dad прекинав да гледам негде на средина на четврта сезона. Досадно. Како МекФарлејн да си ги чува добрите идеи за Family Guy. Незнам што нуди The Cleveland Show, а не ни планирам да дознаам во брзо време.
No comments:
Post a Comment