Крајот на Lost се наближува, а ABC веќе има нова серија, која би требало да биде некаква замена, бидејќи жанрот е сличен, а верувам дека ќе пробаат да ја одржуваат на телевизија со слични финти како Lost.
FlashForward почнува со мистериозен глобален феномен кој трае 2:17 минути, каде што сите луѓе истовремено ја губат свеста и се гледаат себе шест месеци во иднината. Ова резултира со бројни сообраќајки и слични несреќи, многу мртви и повредени, по што настанува општ хаос. Главниот лик е ФБИ агентот Марк Бенфорд кој се обидува да дознае што навистина се случило.
Ова звучи ептен интересно, само да не испадне како со The 4400. Пилотот феноменален, а останатото ѓубре што сме го виделе милион пати претходно. Дека ќе биде Lost, тешко. Дека ќе проба да се извади со сличен концепт, да. Барем така делува.
Серијата почнува со прикажување на 24-ти септември и за првава сезона се планирани тринаесет епизоди. Трејлерот може да се погледне тука.
1 comment:
w00t уште 15 дена! =)))
Одамна не сум чекал некоја друга серија освен Lost со вакво нетрпение. :)
Мислам дека тоа доволно говори. ;)
П.С. Ѕирни на интернет и за "V" римејкот и од тоа би требало да испадне нешто добро. :)
позз
Post a Comment