June 9, 2008

Fear is the path to the Dark Side...

Бидејќи сите Star Wars филмови ми се свежи од викендов, можам да си изберам конечен фаворит од новата трилогија. Revenge of the Sith! Зошто? Затоа што има најдобра приказна, подносливо сценарио, муда, зрелост и фино склопени визуелни ефекти (борбата на почетокот, anyone?). Дури и Jar Jar го нема.

Дури и Хајден Кристенсен супер глуми тука, покрај неколку глупи реплики разменети со Оби Ван немам други забелешки. Неговиот премин на Темната Страна е одлично изведен и таман си се вклопува со приказната понатаму. Се надевам дека еден ден (кога на Лукас ќе му притребаат уште пари), ќе видиме и што се случува измеѓу Episode III и IV.

Ако веќе ситничариме (а, ситница ли е?), мојата најголема забелешка би била према ликот на Падме. Сфаќам ја дека беше трудна и сето тоа, ама некако ми беше нелогично само да седи дома и го чека Анакин да се врати. Покрај ова, во оргиналната трилогија, Леа се сеќава на мајка и колку толку, додека тука е прикажано како Падме умира на раѓање. Има доволно жестоки дебати и објаснувања за ова на нетов, така да немам намера да се замарам со ова. Ако барам грешки - ќе најдам...

И тоа. Го завршив маратонов со филмовите, сега следува уште едно гледање на Clone Wars и некои стрипови во меѓувреме.

7 comments:

Losteech said...

Добри се и трите дела, ама се согласувам последниот (трети) е најдобар. Ќе има некад продолжение бе?! :O

Бојан Николов said...

Се зезаш така? :) Има продолженија снимени пред скоро 30 години. :)

Љубиша Сулимановиќ said...

Ќе имаШЕ, али ги зафатиле бројките 4,5,6... Јеби га...

freestyle said...

треба и ја да ги изгледам сите по ред, ги иам заборавено..... :)

Losteech said...

Знам дека има продолженија од порано, ама ја очекувам нови... :)

Rogi said...

Единствена замерка што ја имам за филмот е што имаат вишок на крајот. Требаше да си заврши со првото вдишување на Dart Vader.

Поздрав

А said...

Најпрво мислев дека е грешка дека Падме умира а Леа нешто после се сеќава на неа. Потоа си дадов логично објаснување дека Леа нема појма дека Падме и е мајка, а всушност се сеќава на сопругата на Бејл Органа за која што мисли дека и е мајка. После пак го прочитав ова на Wikipedia:

By the fictional chronology, Leia first appears in Revenge of the Sith, when Padmé gives birth to her and Luke at Polis Massa. (In an apparent plothole, Leia is able to recall in Return of the Jedi- set 23 years later- that her mother was "beautiful, kind, but sad", despite the fact that Padmé dies only minutes after Leia is born. The official Star Wars website clearly states in its "Q & A" section that Leia was, in fact, remembering Padmé.[4] )

И сеа главата ми е таратор. Поздрав за блогот, супер е!