July 3, 2012

Lockout (2012)

Некогаш треба малку повеќе од натрупани CGI експлозии за да направиш добра мајндлес акција. Под добра, мислам помалку да превртуваш очи и да зеваш на веќе видени глупости кои се стандардни во повеќето вакви филмови последниве години. И, да не се заебеш со актери како Бредли Купер.

Lockout не е ништо ново. Во суштина е Escape from New York, само што затворот орбитира околу Земјата и лик што не е Снејк Плискин ја спасува ќерката на Претседателот (Меги Грејс од Lost) чиј газ е загрозен од група напнати затвореници.

Гај Пирс е нормално наместен за криминал кој не го сторил и му се заканува истиот тој затвор кај што подоцна ќе замине "службено", на спасувачка мисија. Ликот што го глуми, Сноу, е циничен серко со мускули и уан-лајнери (немаше ли некој поадекватен термин?), кој пак си има некоја своја причина поради која оди на вселенскиот затвор. Некаква приказна која одеше паралелно со онаа главната, мистериозно куферче, налудничави затвореници, заговор, бла бла, ништо што направи разлика.

Гај Пирс е одличен актер што може да се снајде дури и со вакви ликови и сценарио. Тоа што му го дале како задача, супер го сработил. Барем толку колку што може во рамките на еден ваков филм кој сите клишеа од жанрот си ги прифаќа без проблем. Дури се и симпатични. Lockout е тоа што е, лимонада што не се сфаќа себе сериозно. Уште ми горчи од последниот филм што ми го продадоа како таков. 

Измеѓу анализирањето на тајните траги, религиските аналогии и смислата на животот на каменот во Prometheus, задолжителна е пауза со овој филм. Саат и пол возење со познати фаци како Црнецот од Jericho и мафијашот од Prison Break, таман за жештиниве. Тука не вадат шлемови во пештери на други планети. И, иако нема ништо оргинално, повеќе ќе го памтиш грозниот британски негативец отколку андроидот што... што? 

3 comments:

Darko said...
This comment has been removed by the author.
Darko said...

Чекај малце, Maggie Grace ја спасуваат од киндапери?

Од кај ми е позната таа приказна?

http://www.imdb.com/title/tt0936501/
Ау да, од еден многу фален филм што има премиера за некој месец.

Љубиша Сулимановиќ said...

Џам филмче. Лесно и забавно!