August 4, 2010

Нова серија: Rubicon

По Mad Man и Breaking Bad, Rubicon е новото нешто што излегува од продукцијата на AMC. Официјално започна со прикажување на 1-ви август, кога беше прикажан пилотот, поделен на две епизоди.

Интересна серија, драма/трилер со мистерии околу теории на заговор во Америка, тајни влади и општества, пробивање на кодови, наместени "самоубиства", сомнителни пораки во крстозбори... Барем тоа е дел од она што веќе може да се види во првите две епизоди, а останатото е најавено. Баш тоа е мојот проблем со Rubicon, зошто речиси и да не видовме многу од очекуваното, бидејќи серијата се одвива споро, на моменти конфузно и со по некое клише од време на време. Сè уште не знаеме што е вистинската закана тука и во кој правец би оделе мистериите. Има огромен потенцијал да се развие во нешто феноменално, под услов да не се потпираат многу на Lost формулата, зошто сериите кои се обидоа да го направат тоа, завршија прерано. Копирање на Lost значи фрлање на првата лопата земја.

Rubicon понуди неколку мистерии до сега, сеуште не доволно развиени за да бидат интригантни до оној степен да почнам да читам теории на фанови, но доволно интересни за да ја чекам следната епизода (секој понеделник, по наше време). Најсилната страна на Rubicon е атмосферата која преовладува. Мрачна, ладна, проследена со феноменална музика во позадина. Добра подлога за ваков трилер, се вклопува во концептот, па ете, и тоа ми дава надеж дека серијава ќе стане многу подобра. Актерите одлично си ја вршат работата, сеуште е рано да се збори за развојот на ликовите, но и тоа е на добар пат.

Споредбите што со The X-Files што може да се сретнат по интернетов, се глупост, бидејќи единственото нешто заедничко со The X-Files е постоењето на тајно општество кое ги влече конците во светот, што и немора да значи дека е на таков начин присутно во Rubicon. Видовме неколку секунди како крајно сомнителни ликови се состануваат зад затворена врата, дискутирајќи за смртта на, веројатно, бившите членови на нивното друштво, но тоа не е никаков доказ дека е нешто слично како во The X-Files. Покрај тоа, сега за сега, во Rubicon нема ништо натприродно, а не верувам дека ќе има. Серијата е најавена како политички трилер, не СФ.

За првата сезона се потврдени 13 епизоди. Следната недела ќе се прикаже третата епизода. Од септември ќе почне да се прикажува и слична серија, The Event, за која дознав многу порано од Rubicon и планирав да ја гледам. Веројатно серии со теории на заговор се хит годинава, што никако не е добро...

7 comments:

Наум said...

Ако стане тренд ваквата тематика, све ќе падне у вода. Како и секогаш, кога беше комедијата тренд, по неколку добри серии, другите беа очајни, така беше изминативе години и со sci-fi сериите. Да видиме дали Рубикон ќе успее да се покаже како добра.

Losteech said...

Ветувачки Пилот. Ми се допаѓа што нема заобиколувања во серијава, се’ се одвива брзо. Или барем така се чини дека е според првиве 40 минути. Вечерва ќе ги изгледам и останатите две епизоди.

Сега-засега, одличен впечаток! Можеби најдобра премиера од Prison Break навака што сум ја гледал.

Бојан Николов said...

Па, не би рекол дека се одвива многу брзо. :)

Ivan Velichkovski said...

Добро, не е брзо споредено со 24.
Ама, изгледај една епизода од "Mad Men" и ќе видиш колку е брзо ова во споредба со тоа. :)

Бојан Николов said...

Добро, тоа е друг тип на серија. :) Штознам, ја очекував малце побрзо да се одвиваат стварите у Rubicon. Третава епизода малце го затупе. :)

Losteech said...

Последнава епизода добра беше. :) Ни премногу спора, ни па премногу брза, тука негде во средина. :)

Малце ме нервира таа девојката на самоубиецот од првата епизода зашто се’ уште појма немаме која улога ја има нејзиниот маж, ама веројатно тоа допрва ќе следува, зашто дури сега се запозна со Вил. :)

BTW еве моја „критика“ за серијава. (на нов блог) :)

http://zadkulisite.blog.mk/2010/08/27/serija-rubicon/

Бојан Николов said...

Супер беше петтава епизода. :) Само незнам што ќе успеат да откријат во тие неколку епизоди што им остануваат.

Интересна серија. Ја пратам, ама никако да пишам повеќе. :)