Пред некои дваесетина години детето Бојан загледа еден филм на телевизија за двајца браќа криминалци кои бегаат од законот после грабеж на банка и немаат проблем со убивање луѓе и земање заложници. Браќата Геко со киднапираното семејство ја поминаа границата со Мексико и завршија во барот "Тити Твистер" каде што Бојан виде како гола Селма Хајек игра со змија по маси. Во истиот тој момент Бојан од дете стана маж, а Селма Хајек и нејзините колешки се претворија во вампири и ги нападнаа недолжните гости во тој проклет мексички "Балет".
From Dusk Till Dawn e eден од филмовите кои го обележаа времето на телевизијата каде што без предупредување во сред бел ден можеше да затекнеш насилна и вознемирувачка пиратска содржина. Толку често го даваа што го имав снимено и на касета, а сепак го оставав и кога пак одеше на телевизија. До ден денес го сметам за еден од моите омилени филмови од било кој жанр. Презабавен е, со феноменални ликови, саундтрек, сцени и дијалози што веројатно ќе ти останат засекогаш во сеќавање, па макар и еднаш да го имаш гледано. Пиштолот на Секс Машин или репликите на Сет Геко не се бришат лесно.
Легендарниот мајстор за специјални мејк-aп ефекти Роберт Курцмен, ја смислува приказната неколку години пред нејзината реализација во 1996. Тарантино го пишува сценариото, а за возврат од Курцмен ги добива ефектите за сцената со увото во Reservoir Dogs, нешто што имало вредност на 1500 долари. Тарантино дури добива и понуда за режисерскиот ангажман, ама поради изборот да се фокусира на неговата улога во филмот, таа позиција на крајот завршува кај Роберт Родригез.
Можеби и ваквиот спој на двата таленти и најмногу му годи на From Dusk Till Dawn, особено поради наглата промена на стилот кога од крими трилер се претвора во крвав хорор. Можеш лесно да видиш каде и како двајцата својствено го допреле филмот - Тарантино со проникливите дијалози, а Родригез со способноста да направи фрка во бар. Но, сепак идејата филмот да го преврти дејствието наопаку била на Курцмен, нешто што лично го сметам за еден од најспектакуларните пресврти што сум ги доживеал на медиумот. Штета што студиото решило да вклучи сцени од вториот дел од филмот во трејлерот, ама па среќа што не знаев што ме очекува првиот пат кога го гледав.
Ова е и филмот што ја лансираше филмската кариера на Џорџ Клуни. Откако неколку актери кои Родригез и Тарантино ги сметале за посоодветни не биле во можност да излезат во пресрет, се решиле за Клуни кој тогаш бил актуелен по улогата на докторот Рос од E.R. серијата. Тарантино се фурал на идејата дa ќе го преобратат добриот доктор во некој што испраќа луѓе на ургентен. Клуни е феноменален во улогата, тешко ми е да замислам некој друг како Сет Геко. Динамиката со шизофреничниот Ричи на Тарантино му е ненадминлива. Којзнае каков Бетмен ќе беше со подобро сценарио во онаa лакрдија на Џоел Шумахер.
Популарноста на From Dusk Till Dawn му донесе две шкарт продолженија и серија. Продолженијата се обидуваат да ја прошират митологијата, претпоставувајќи дека на некому му е грижа од каде и зошто дошле вампирите. Оргиналот функционира баш поради тоа, знаеш за нив колку и самите ликови и си поеднакво затекнат од таквата несекојдневна ситуација. Освен тоа, во продолженијата не се инволвирани Тарантино и Родригез, па тонално се далеку побледи како во сценариото така и во режијата. Серијата го тегне целиот оргинален филм низ една сезона, па понатаму си зема сопствен правец, меѓутоа никогаш не ми изгледала доволно привлечно за да дадам шанса.
From Dusk Till Dawn е одличен печат за деведесеттите. Не само што ги преклопува кариерите на двајца независни режисери кои скоро успеале да си ги направат имиња звучни, туку е и еден од најмаркантните примероци од жанрот што тој период како да страда од потрага по идентитет и фокус. Баш и нестандардниот смел настап е веројатно главната причина за неговиот денешен култен статус кај публиката. Единствен е од неговиот вид, не видовме ништо слично од тогаш, а и нема потреба.

Види такоѓе:
No comments:
Post a Comment