Не успеав да го заследам тековниот Superman од Новите 52. Пробував повеќе пати и некако бргу губев интерес. Верувам дека таму некаде има приказна од калибарот на The Men of Tomorrow, само што не планирам да ја откривам во брзо време. Ни Convergence не успеав да го дочитам, ниту пак тоа што следуваше како исход. Додека не се сретнам со нешто поинтересно од Метрополис, Unchained останува најдобриот наслов од поновиве. Успеав да го набавам и луксузното колекционерско издание во тврд повез. Во моментов има неколку тековни Супермен наслови, па решив таму да се обратам за нова, евентуално добра приказна. Па...
Настаните во Lois & Clark се случуваат по Convergence, па не сум баш запознаен со тоа како дошло до ова. Лоис, Кларк и нивниот деветгодишен син се заглавени во моменталниот универзум каде што постојат на истото место со нивните "домаќински" верзии. Живеат под лажен идентитет, обидувајќи се да го сочуваат мирот и спокојноста кој ги нуди туѓиот терен. Кларк се занимава со разни професии за да го одржи семејството, а Лоис пишува книги под таен псевдоним кои не одат баш во прилог на криминалното подземје. Семејната идила полека почнува да се нарушува со закани од повеќе места, зошто како поинаку ова би било суперхеројски стрип?
Но, овој Супермен има многу поголем предизвик кога станува збор за одржувањето на балансот. Ни моќта не му е иста поради различното сонце, па претпоставувам дека за опасноста која доаѓа кон него и семејството кое сака да го заштите, во следните броеви ќе мора да побара помош од хероите од универзумот каде што се заглавени. Петтиот број (последниот излезен), изгледа веќе го најави Бетмен како еден од можните соработници. Сепак, повеќе го чекам моментот кога ќе се сретне со другата верзија на себе. Ретко можеш да згрешиш со приказна за паралелни универзуми, па се надевам дека Ден Џергенс ќе знае како да се справи со ова. Сега за сега е одлично и доволно возбудливо за да ме држи заинтересиран и понатаму.

American Alien е доказ дека никогаш не смееш да го судиш стрипот по корицата. Колку и да изгледа кул мал Кларк Кент со црвени очи во поле пченка, толку приказната може да се претвори во евтина тоалетна тинејџерска сликовница со дискутабилен хумор. Не дека го очекував следниот Secret Origin, но ова сценарио на Макс Лендис оди во насока каде што не би можел удобно да останам како публика. Не бев најспремен за пубертетските испади на Кларк каде што се пијанчи на јахтата на Брус Вејн.
Првиот број е супер, но следните два се пригушени од хумор кој и не ми легна баш најдобро. Четвртиот веќе е посериозен (го цртаат Џун Чунг и Џеј Ли, двајцата со богато суперхеројско портфолио), најмногу поради конечната средба со Бетмен, па можби ќе дадам шанса последните три да ме изненадат позитивно.
Новиот серијал на легендарниот Нил Адамс почна со првиот број (од вкупно шест) пред само една недела. Почнува веднаш со акција, каде што тројца вонземјани облечени во Супермен костими се обидуваат да ја спречат инвазијата на Калибак и парадемонската армија. Во меѓувреме, вистинскиот Супермен спасува дете на Блискиот Исток каде што е затекнат од мистериозно суштество кое му открива некаква тајна за Древниот Египет.
Звучи многу забегано? Така и изгледа. Репутацијата на Нил Адамс доаѓа и од ваков тип на приказни, од време на стриповите кое не планирам да го допрам наскоро, но сум заитригиран да дознаам каде планира да оди овој наслов со "старошколскиот" шмек. Публиката е поделена, некои го споредуваат и со Batman: Odyssey (исто на Адамс), наслов што е познат по бесмислената лоша содржина. Сепак, ако ништо друго, боите се на Алекс Синклер, па The Coming of the Supermen е барем пријатен за гледање.

No comments:
Post a Comment