December 19, 2008

Crapwerk Sci-Fi Special #2

Деновиве значително ми се редуцирани обврските што ме спречуваа да седнам и да искуцам асален пост на Crapwerk, па решив конечно да го продолжам Crapwerk Sci-Fi Special-от, односно рецензиите на култни СФ филмови од Б-продукција снимени во осумдесетите и девеесетите, златната ера на ваквите филмови.

Долго размислував кои филмови да се содржат тројката која следи подолу и решив да се одлучам за филм кој е еден од најпознатите претставници на овој жанр и два други кои воопшто ги немав гледано до пред некое време. Да почнеме...

Class of 1999 (1990) Приказната иако е уникатна, голем дел на елементите во филмов се позајмени од The Terminator и Mad Max 2: The Road Warrior. Од 1992 година, низ средините училишта во САД, почнува да владее општ хаос, предизвикан од опасни криминални банди составени од ученици кои се во постојани вооружени пресметки. Во 1999, бордот за заштита во образованието со помош на компанија за производство на киборзи, вметнува тројца професори (киборзи, да) кои имаат за цел да ги превоспитаат непослушните средношколци кои се пукаат наоколу облечени во кожи и возат автомобили како во The Road Warrior. Професорите-киборзи работата си ја "сфаќаат" многу посеризно, па завојуваните банди ќе мора да се здружат за да преживеат. Супер е филмот, има доволно акција, глумата не е толку очајна и е лесен за гледање. Го препорачувам на сите СФ фанови. Дефинитивно најдобриот филм од оваа тројка на рецензии.

Cyborg (1989) Некаде во периодот околу овој филм, започна ерата на доминација на Жан Клод Ван Дам. Типот буквално владееше со светот, сними купче добри филмови и потоа кариерата почна да му оди во надолна линија, за денес воопшто да не постои на сцената. Во пост-апокалиптична иднина (а каде на друго место?), владее чума која прети да ги уништи и оние малкумина кои некако успеале да преживеат. Научниците се блиску до откривање на лекот кој е единствен спас за човештвото и решаваат да искористат жена-киборг која треба да пренесе битна информација за тој лек до главното седиште на групата која се бори за опстанокот на луѓето. Ван Дам е на мисија да го заштити киборгот од банда која сака да го искористи лекот за сопствени цели. Филмот е одличен, но мене Universal Soldier (следува рецензија во следниот Crapwerk Sci-Fi Special) е далеку подобар. Cyborg има уште неколку делови за кои ќе пишувам во иднина.

Eliminators (1986) Од постерот и името, очекував филм каде што банда од "елиминатори" прави пуздер во пост-апокалиптична иднина. Едвај го најдов на солидна VHS снимка и навистина очекував добар филм. Наместо тоа, добив хаотична приказна која претпоставувам ја смислувале додека го работеле филмот, куп неповрзани ствари и 40 минутна сцена каде што главниот протагонист (пилот кој по авионската несреќа, го прават киборг) бега од пијана група на реднеци која го брка со чамец по вода. Тука некаде прекинав да го гледам, зошто нема никакви "елиминатори", уште помалку некаква поента, а елементот за забава комплетно отсуствува. А, пред да го гледам, зборев колку ќе биде ирелевантен рејтингот што го има на IMDB... За малку ќе заборавев, Денис Корзби (Таша Јар за Star Trek фановите) е во главна улога тука.

6 comments:

Љубиша said...

Какви срања сме гледале еј... Ама убаво ни беше!

Losteech said...

Кај се изгуби бе??

Влатко said...

НЕ видов да имаш опфатено 2 филмчиња па ако не си ги гледал нека бидат како предлог. Night Of The Comet 1984 (филмчево си ја има онаа 80's атмосфера) и Cyborg 2 (мене ми се допадна повеќе од кецот со Ван Дам, има понекој лош дијалог/реплика али за Б филм е добар. Деби за Анѓа Џоли, Џек Паланс како еден од најкул ликови евер и плус еден од најдобрите карактерни глумци Били Драго у свој елемент.)

Бојан Николов said...

Малку го забаталив ова шо го викам Sci-Fi Special, а се убив од глеање вакви филмови. Првиот го глеам глеано, а Cyborg 2 ми беше и у план за да вклучам у ваков пост. :) Ајде деновиве ако не ме мрзи. :)

Влатко said...

Сега ми текна да те прашам, дали си го гледал Hardware (1990)? Се мислам дали да го гледам подолго време...
А ми текна и на Death Machine (1994)со Бред Дуриф, ама највероватно си го гледал; ете уште еден предлог за некој од наредните Sci-Fi Special, да не ти се мешам. :)

Поздрав!

Бојан Николов said...

Ги имам и двата гледано! :) Мислев дека за Hardware сум пишал, баш сеа проверив, и не сум пишал. :) Ете, може и тие да идат.

Летово гледав многу 50s Sci-Fi, ко Kronos, Missle To The Moon... за тие се мислев, али ќе видам. :) Само време да се најде и да се пише!