Мојата сè поомилена двојка, Капуло и Снајдер, со новиот број на Batman. Приказната за Court of Owls продолжува понатаму и открива нови шокантни детали. Снајдер и понатаму храбро си игра со историјата на Готам и Вејнови, а овој пат не го поштеди ни Дик Грејсон. Тоа што го читав претходно ми отвори еден куп прашања, најмногу за Talon, зошто ми беше очигледно дека тој што се крие зад неговата маска е потрошлив материјал.
Одговорите што овој број ги нуди, маваат изненадни шамари. И, создаваат една низа нови прашања. Предок на Грејсон зад маската на Talon, денес? Објаснувањето крие уште прогрозоморни тајни и покажува каде сè се имаат инфилтрирано овие сомнителни душмани на Бетмен кои се нaрeкуваат Court of Owls.
Со следниот број, започнува арк кој ќе се прошири и до другите изданија на DC, Night of the Owls, и ако судиме според крајот на Batman #7 ќе биде занимливо. Досега, се покажаа како адекватни негативци што заслужуваат поопширна приказна и поголемо внимание. Баш поради тоа и овој наслов ми е најпривлечен. Психички истрошен Бетмен и сериозна закана за Готам? Нека потрае, ме занима колку може да се развива ова.

Уште една работа што е сериозно симпатична, е тоа што овој број отвара со директен омаж и сцена од Batman: Year One! Браво за тимот, супер го возат Бетмен до сега.
No comments:
Post a Comment