Додека чекам да излезе 1.9 печот на RIFT, решив да дадам шанса на актуелната World of Warcraft експанзија, Cataclysm. Ова е и моето прво логирање на WoW после две години. И покрај тоа што сите рецензии и коментари кои ги среќавав за Cataclysm беа негативни, сакав да видам што се случува таму моментално. Враќањето на змејот Deathwing предизвикува катализма која го менува изгледот на светот, па старите зони изгледаат поинаку. Баш ова сакав да го видам, затоа сум и тука пак. Светкавите наметки и бројки не ме интересираат, сакам да видам до каде е стигната приказната, па се левелирам само колку да не гинам во зоните кои бараат поголем левел.
Првиот избор ми беше Гоблин, новата раса достапна за играње. Се разочарав по само неколку минути. Гоблините дефинитивно не припаѓаат во играта на ваков начин, а особено не како сојузници на Хордата. Почетната зона повеќе личи на Crash Team Racing мапа отколку на нешто што припаѓа тука. Да, гоблините беа дел од светот и претходно, и нивното присуство тогаш беше интересно како такво, меѓутоа улогата која им е доделена тука некако иритира.
Моментално играм Таурен Паладин. Паладин!? Blizzard пак си играат со приказната како што не треба, па успеале од раса склона кон природата, спиритуалното и е до некаде инспирирана од индијанската митологија и култура да направи факинг паладини. Океј, дај шта даш, да пробаме и тоа. Спеловите и талентите се сменети на подобро. Веќе нема посебен левел за секој спел, туку прогресот оди со левелирање на самиот карактер. Талентите се убаво средени, а некои спелови што се добивале на поголем левел се достапни и на помалите. Дури нема ни левелирање на скил за оружјата. Сега сум 32 левел и ми се свиѓа ова што го играм.
Прошетав низ неколку зони. Старите кои со години ги трчавме се сменети и делуваат свежо, без оглед на носталгијата која ја предизвикуваат. Orgrimmar е сменет и има нов лидер на местото на Трал. Иако се збореше дека Гарош ќе ги протера сите Орки од градот, јас такво нешто не видов. Напротив, секоја од расите кои се дел од Хордата си има посебно место чија архитектура се поклопува со нивната култура. Редизајнот е одличен, градот е поголем и изгледа некако повеличествено. Баш достојно за една фракција како што е Хордата.
Barrens е сега на два дела, со процеп полн со лава. Од едниот до другиот крај пројдов низ камп преполн со Хорда и остатоци од војна против Алијансата. Кампот Taurajo е комплетно уништен и полн со бандити, додека делот кон Mulgore е блокиран со огромна порта од која Таурените пружале отпор против непријателот.
Aszhara, додека играв порано, беше запоставена локација која мене лично ми беше интересна поради тоа што ја знаев од Warcraft III. Но, сега, наместо со Наги, е полна со Гоблини кои ја измениле земјата во вид на симболот на Хордата, како благодарност што станале дел од неа. Низ целата зона се протега и железница. Квестовите не ги играв, зошто се прилагодени за помалите левели.
Stonetalon Mountains не личи на тоа што беше. Многу нови кампови, тврдини и Гоблини кои се обидуваат да направат пат до Ashenvale. Интересни квестови и локации, тука поминав најмногу време до сега. Исто како и во Barrens, и тука има траги од Deathwing.
Ќе продоложам деновиве, сакам да стигнам до 85 левел да ги видам и новите зони. Не се брзам нигде, саат време дневно ми е сосема доволно зошто играм на приватен сервер каде што брзо се фаќаат левели. Ми фалат некои ситници од RIFT, како што е опцијата за продавање на сите сиви предмети одеднаш или посебната торбица за предмети од квестови. Фали и подинамична содржина која ја најавуваат во Mists of Pandaria, и нормално подобра графика.
No comments:
Post a Comment