August 25, 2011

Најдобрите моменти во The Hitchhiker's Guide to the Galaxy филмот

Книгата првпат ја прочитав во 2005, кога излезе со оној лошиот предвод на македонски кај што Зејфод е преведен Запход. Отприлика и филмот се појави тогаш и успешно го избегнував се до пред некој ден. Конечно се решив да го гледам, и за чудо, го гледав пак следниот ден. Пак.

Фантазијата на Даглас Адамс мислам дека се искусува некако поинтимно и претставата за работите кои се во книгите, секој различно би си ги замислил и интерпретирал. Токму поради оваа причина, не ми се гледаше филм кој беше многу поразличен од мојата претстава за The Hitchhiker's Guide To The Galaxy. Првата книга ја имам читано многу пати, а деновиве додека бев на одмор ги читав втората (The Restaurant at the End of the Universe) и третата (Life, the Universe and Everything). Некако фино ми легнаа и расположението ми се подеси за гледање на филмот. Веќе си имам цврста слика и за ликовите, местата, универзумот и сè, така што филмот испадна претежно безопасен.

Прво, да кажам дека филмот делува конфузно, доколку не е прочитана книгата и има дупки што само така би се пополниле. Сценариото, иако е чепнато од самиот Даглас Адамс, на моменти е очајно, зошто се тргнати некои епски реплики или се осакатени со глуп муабет. Од ликовите, најпогоден е Артур Дент, па дури и Марвин, додека Зејфод и покрај тоа што го глуми генијалниот Сем Роквел е тапа без главите како во книгата. Форд е Mos Def, а Трилијан не е ништо посебно.

Значи, одиме по ред сега.

1. Водичот. Од првата сцена кога се појавува, до самиот крај Водичот е супер претставен низ мали симпатични анимации и гласот на Стивен Фрај.

2. Артур Дент и Марвин. Мартин Фримен е одличен како Артур Дент и успеал да го долови ликот како што јас си го претставувам. Плус, една од причините поради која се решив да го гледам филмот е токму тој, зошто ќе го глуми и Билбо во адаптацијата на The Hobbit. Марвин, иако е различен од мојата замисла, испаднал супер, фино е дизајниран, само што му фалеа и него реплики. Животот на Марвин во филмов, му го даваат Алан Рикман (гласот) и Ворен Дејвис (џуџето во роботот). Дури камео има и стариот Марвин, од серијата од 80-ти.

3. Слартибартфаст. Врвот на филмот е сцената која почнува откако ќе се појави Слартибартфаст и ќе го прошета Артур низ градилиштето на планети. Целата сцена ја изгледав со подотворена уста. Визуелно, една од најдобрите сцени што сум ги видел на филм.

Покрај се, филмот е навистина интересно доживување, визуелен трип со супер саундтрек и како што реков, јебига, по некоја дупка која може да ги збуни гледачите. На крајот од филмот, кога екипата се договара да оди во Ресторанот на Крајот на Универзумот, Марвин ќе прокоментира дека Ресторанот се наоѓа на другиот крај. Да, беше смешно, само што тој Ресторан не се наоѓа на таков крај од универзумот.

Претпоставувам да бил Даглас Адамс жив до комплетирањето на филмов ќе видевме нешто многу подобро, па дури и адаптација на останатите книги. Актерската екипа е супер, само малку да се поработело на сценариото и темпото на филмот, мислам дека добиевме фина филмска франшиза на едно од најдобрите дела некогаш напишани.

5 comments:

Anonymous said...

Сакам да ја прочитам книгава до крај, ама кога ќе ми текне на лошиот македонски превод (за што имаше и на ОН.нет на времето) не ми се зима книгата а на англиски (иако разбирам) ми е многу безвезе да читам...
Филмов, и на мене и на еден другар не ни се допадна, лошо е направен, не можев да го догледам... иако евтино изгледа, повеќе ми се допадна БиБиСи серијата од '81.

Бојан Николов said...

Врв се книгите (мене уште последната ми остана за читање). Тие со абоминалниот превод бољи да не ги коментирам (НЕБУЛОЗА за NEBULA, и тако даље).

Филмчето е супер, све зависи од расположение. :)

Anonymous said...

Стварно не знам кој ги преведува книгиве кај нас. :) Пред 2 месеца ја земав Фајт Клаб, и има чудни зборови, испуштано зборови и други грешки. А толку мала книга е а толку грешки...Изгледа никој не го проверува преводот.
Иначе филмот е бољи од книгата, секоја чест на Финчер. :)

Бојан Николов said...

Види, чим газда Велија е таму потпишан ко уредник на Водичот, све ти е јасно шо кадар ги преведува. :)

Преводот на Фајт Клаб не е уопште лош. Јас само таа македонската ја читав и супер е, за разлика од другите преводи.

За малку така ќе ја купев 1984 на македонски од Икона, за среќа ја имаа и оргиналната. :)

Darko said...

И јас за среќа ка купив оригиналната на Англиски.

Многу ме интересира како ке се преведени „doublespeak“ и „Ministry of Plenty“.

Сигурно има и други што не се преведуваат лесно.