Деновиве го комплетирам првиот Mono Blue Control дек. Во мојата Маgic: The Gathering кариера, првпат играм нешто вакво и ми изгледа прилично интересно и свежо, бидејќи стратегијата и начинот на играње е многу поразличен од aggro дековите што сум ги играл до сега.
Значи, идејата е противникот да биде онеспособен за играње на карти кои мене би ми наштетиле, односно би го спречиле влегувањето на Sphinx of Jwar Isle. Картата е 5/5 суштество, кое лета и неможе да биде мета на спелови и други ствари што ги прават некои карти и не ми се баш добродојдени. Покрај клучнaта Sphinx of Jwar Isle, имам карти како Cancel, Negate, Unsummon и слични кои би го успориле противникот правејќи пат за Сфингата, и карти што ми помагаат да влечам или да си местам што ќе влечам (пример, Ponder). Гледав да потрошам што помалку пари за деков, па повеќе од пола карти веќе ги имав или ги мењав. А, баш поради тоа го немам Jace Beleren, а гледам дека комбинацијава функционира добро и без него.
Не успеав уште да го пробам на турнир, ми фалат уште неколку карти за sideboard и некои што прават исто како овие што веќе ги имам, само што бараат помалку мана. Ако деков се покаже добро на турнириве што следат, ништо чудно да го играм и на државно првенство за некој месец. За информација, светското годинава е повторно во Јапонија.
Имам спремено уште два дека (Naya и Mono White Kor Aggro) што се доволно компетитивни за турниско играње, само што периодов решив да се сконцентрирам само на овој.
Додека сум на темава, новата едиција, последна од Zendikar блокот, ќе се вика Rise of the Eldrazi и излегува во април годинава. Сеуште е рано за детали, ама се надевам на карти што ќе ми се најдат за деков. Ме мрзи да постирам целосна листа на карти, ќе пишам кога ќе ги присоберам и тие неколку што ми фалат.
1 comment:
Во периодот кога интензивно играв се префрлив од Green/black aggro дек на Blue/Black дек кој беше и дел од Guildpact сетот на Ravnica, Декот имаше интересна механика на играње, која се основаше на тоа противникот да ги стави картите од library во graveyard, доста забавно :) исто како и ти во овој контрол дек и јас играв со една сфинга, Belltower Sphinx, и морам да признаам дека дококу би се вратил да играм MTG тоа дефинитивно ке е Mono Blue дек или некоја двобоен дек кои во себе ке биде примарно Blue ориентиран :)
p.s нема ништо поубаво од тоа да му поништиш Spell на некој
:-)
Post a Comment