February 3, 2010

Lost: Почна крајот

Не ми се верува дека го дочекавме почетокот на последната сезона. Последниве месеци го тргнав вниманието од Lost и можеби затоа ми изгледа дека сезонава брзо дојде. Само што ја изгледав првата епизода и не знам од каде да почнам да ја анализирам. Има спојлери подоле.

Почна со крајот на петтата сезона, бомбата пукна, но некои работи останаа непроменети, додека од друга страна се створи некаква алтернативна реалност... или што и да е ова што моментално се случува. Во секој случај, интересно е да се види што би се случило доколку Oceanic 815 го заврши летот и слета во Лос Анџелес. Островот беше потонат.

Дел од преживеаните кои се (сè уште) на Островот, се соочи со нова група на сомнителни ликови кои ја отсликуваат "митската" страна на серијата. Дознавме кој ја завземал формата на Џон Лок, но сеуште не се јасни неговите намери, и мислам дека така ќе остане уште неколку епизоди. Нормално, очекував нови прашања и мистерии и токму тоа го има. Сепак, колку и да се заплеткани работите, наскоро ќе почнат да се разјаснуваат. Сега за сега, сум збунет како и претходно.

Читав некои теории, од кои една вика дека Џон Лок е типот што седи на плажата со Џејкоб додека поминуваат бродови (од минатата сезона), а Џејкоб е повторно роден во телото на Саид. А, кинезот со долгата коса дека е Магнус Ханзо, капетан на Black Rock. Знам дека се интересни теории, но голем дел од нив најчесто паѓаат во вода по следната епизода. Ќе видиме следната среда. Интересен почеток, во секој случај.

No comments: