February 17, 2010

Lost: 6x04 - The Substitute

Океј, значи Лок е најверојатно мртов и чадот му го поседува телото. Сепак, не му кажувај што може, а што не може да прави. Никогаш.

Добра епизода, подобра од филерот од минатата недела. Групата што е на другата страна на Островот е многу поинтересна од оние што моментално се во храмот. Сеуште не е дефинирано кои се негативците, имаше толку многу пресврти до сега, што стварно не може да се одлучи. Кој е овој Лок, што сака и зошто точно регрутира луѓе? Јасно е зошто баш Соер, затоа што моменталната состојба не му е толку пријатна. Сцените од другата реалност беа доволно интересни и интересно ги искомбинираа ликовите. Верувам дека во брзо време ќе го видиме и Чарли, и не само во алтернативната реалност.

Бројките треба да се објаснат во следниве неколку епизоди и искрено се надевам дека ќе видиме нешто повеќе уште во следната, освен ако не планираат да напнат со некој безвезен филер. Последната сцена од епизодава беше една од најдобрите работи што сум ги видел во целата серија. Jacob has a thing for numbers.

Гледав интервју со дел од екипата што стои зад Lost, и спомнаа дека во оваа сезона ќе бидат одговорени околу 70 прашања кои ја држеа публиката изминативе сезони. Се надевам дека нема да ги стиснат сите во 2-3 епизоди.

2 comments:

Bi said...

Дефинитивно многу подобра од претходната. А кога сме веќе кај бројките http://goo.gl/JL0Y ;)

Бојан Николов said...

Најпаузирана сцена во историја. :)